Странски печат 06.04.2018

Преглед на странскикте срфедства за информирање

945675
Странски печат 06.04.2018

Турско американскиот веб портал пишува: Претседателот Реџеп Тајип Ердоган „ Во буништето на историјата ќе ја испратиме оваа чета на убијци кои ги напаѓаат нашите браќа, нивните семејства и нивните куќи.“

Турско американскиот веб портал во една друга вест пишува : „Турските лекари му истрчаа на помош на малото сириско дете кое поради забраната на терористичката организација ЈПГ/ПКК за излегување од Африн, скоро 2,5 години не можеше да оди на лекар и да се лечи.“

Руската новинска агенција Спутник истакнува : Началникот на турскиот генералштаб генерал на армија Хулуси Акар изјави дека турската воена операција Маслиново гранче во Африн, Сирија беше  спроведена според меѓународното право.

Турско американскиот веб портал пишува : Премиерот Бинали Јилдирим рече дека во турската историја никогаш немало колонијализам, туку секогаш човечноста била на преден план.

Француска новинска агенција АФП : Руските ракети С-400 ќе и бидат испорачани на Турција во 2019 година.

Британска новинска агенција Ројтерс: Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин  го поставија каменот темелник на првата нуклеарна централа во Турција.

Кинескиот весник  Хсинхуа : Во Мерсин беше поставен каменот темелник на првата нуклеарна централа во Турција.

Турско американскиот веб портал пишува: Претседателот Реџеп Тајип Ердоган “ Целта на обемот на турско-руската трговија изнесува 100 милијарди долари“

Руската новинска агенција ТАСС: Претседателот на Русија Владимир Путин не гледа фактор на ризик во остварување на големи заеднички проекти со Турција.

ББС на турски јазик известува : Министерот за евроинтеграции и главен преговарач на Турција со ЕУ Омер Челик рече дека наскоро во Турција ќе допатува европска делегација со која ќе се разговара за визната либерализација.

Турско американскиот веб портал истакнува : Вице премиерот  Бекир Боздаг истакна дека нуклеарната централа Аккују е најголемиот проект во историјата на републиката.

ББС на турски јазик известува : Во Анкара на трилатерален самит се состанаа претседателите на Турција,Русија и на Иран, Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и  Хасан Рохани. На средбата беше договорено да се почитува територијалниот интегритет на Сирија, а претседателот Ердоган по состанокот рече дека немаат позитивен став кон територијални поделби.

Радиото Глас на Германија истакнува : Лидерите на Турција,Русија и Иран на тројниот самит во Анкара се изјаснија за почитување на територијалниот интегитет на Сирија.

Турско американскиот веб портал известува: Потпретседателот на турската влада Бекир Боздаг најави дека Тел Рифат во Сирија ќе биде ослободен од терористите на ПЈД/ЈПГ/ПКК.

 



Слични вести