Странски печат 02.03.2018

Еве ги позначајните информации за кои известуваат светските медиуми посветени на Турција

921176
Странски печат 02.03.2018

Радиото „Гласот на Русија“ истакна дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган одлуката на Чешка за пуштање на слобода на челникот на ПЈД/ЈПГ сириското продолжение на сепаратистичко-терористичката организација ПКК предизвика оваа земја да стане земја поддржувач на тероризмот.

Германскиот медиум „Дојче веле“ ја објави реакцијата на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу против Чешка по повод пуштањето на слобода на Салих Муслим, челникот на ПЈД/ЈПГ сириското продолжение на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Чавушоглу реакцијата ја изнесе со зборовите: На Чешка и дадовме протестна нота, нема да се откажеме од оваа работа.

Македонскиот весник „Нова Македонија“ го објави соопштението и ставот на Турција во врска со одлуката на САД за пренесување на американската амбасада во Ерусалим, во кое беше изнесено дека овој настан ќе нанесе штета на мирот.

Американскиот информативен ТВ-канал „СиЕнЕн“ објави информација дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел макрон размениле мислења во врска со последните случувања во Сирија и билатералните односи.

Руската новинска агенција „Риа новости“ го објави демантот на Турција во врска со соопштението на американскиот државен секретаријат за одбрана Пентагон дека наводно меѓу Анкара и Вашингтон се воделе разговори околу намалувањето на напнатоста во Африн во Сирија.

Иранската новинска агенција „Фарс“ објави информација во која истакна дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на телефонскиот разговор со узбекистанскиот претседател Шевкет Мирзијојев размениле мислења околу можностите за унапредување и развој на билатералната соработка како и регионалните и меѓународни прашања.

Американскиот веб портал „Туркиш Американ“ истакнува дека во американскиот град Чикаго беше одржан протест против ерменскиот масакр врз азербејџанските цивили во Хоџали.

Кримската новинска агенција „КХА“ ја објави изјавата на началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар кој рече дека терористите и нивните поддржувачи во Африн во Сирија ќе бидат поразени.

Американскиот веб портал „Туркиш Американ“ истакна дека турско-американските преговори за изнаоѓање решение на напнатоста ќе започнат на 8 март.

Руската интернет страница „Спутник“ го објавува соопштението на Турција во врска со коментарот на САД дека резолуцијата на СБ на ОН треба да добро да се анализира од страна на Турција. Додека Турција во врска со наведениот коментар го изнесе ставот дека нема никаква основа.

Британски „БиБиСи“ истакна дека Ирак, нафтата од Киркук повторно ќе ја извезува преку Турција.

Руската интернет страница „Спутник“ ја објави изјавата на портпаролката на Руската ветеринарна и фитосанитарна надзорна агенција Роселкознадзор, Јулија Мелано која рече дека почнувајќи од 5 март, ќе ги укинат пречките за испорака на (модри) патлиџани, калинки, пиперки, тиквички и тикви од Турција.

Германската новинска агенција ДПА ја објави изјавата на министерот за надворешни работи Мевљуит Чавушоглу кој рече дека на 7 март, среда ќе го посети најголемиот Меѓународен саем за туризам во Берлин.



Слични вести