Странски печат 23.09.2017

Кус осврт на странскиот печат со посебен акцент на Турција

794994
Странски печат 23.09.2017

Азербејџански Тренд во веста под наслов „Ердоган, нема да дозволиме да се формира т.н.држава во северот на Сирија“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на 39.состанок со претседателите на месните заедници се задржа на актуелната ситуација во Сирија и рече дека  Турција во периодот 24 август 2016/30 март 2017 година ја реализира воената операција Штитот на Еуфрат во северот на Сирија со цел да се спречат напорите за формирање на терористичка држава во овој дел на Сирија. Турција ни под кои услови апсолутно нема да дозволи да се формира терористичка држава во северот на Сирија. Некои го употребуваат изразот Курдска држава, што за мене тоа значи навреда на чувствата на моите браќа Курди. Тоа нема да го дозвилиме. Ќе ги погребаме сите оние кои што ќе се обидат да не поделат. Да ја поделат и распарчат Турција.“

Американскиот интернет портал Туркиш Американ во веста под наслов „ Премиерот Бинали Јилдирим се состана со бизнисмените во Сингапур“ истакнува дека премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим кој престојуваше во официјална посета на Сингапур одржа состанок со бизнисмени од оваа јужноазиска островска држава. Инаку сингапурските бизнисмени тежат некаде околу 550 милијарди долари, и тие изразија интерес за вложување во разни сектори во Турција. Премиерот Јилдирим на учесниците на состанокот им даде опширни објаснувања за условите за инвестирање во Турција воедно и ги повика да инвестираат во Турција.

Руската новинска агенција Спутник во веста под наслов „ Портпретседателот на владата Ишик: Германија не може да ја сфати промента во Турција“ истакнува дека, Портпретседателот на владата Фикри Ишик изјавил дека Турција посветува внимание на односите со Германија, но дека за жал Германија не може да ја согледа промената која што настана во Турција. Германија мисли дека сеуште е таа истата Турција која избегнуваше да се конфронтира со неа, што е веќе минато.

Иранската новинска агенција Фарс во веста под наслов “Началникот на генералштабот на Турција наскоро во посета на Иран“ истакнува дека генерал на армија Хулуси Акар началник на Генералштабот на вооружените сили на Турција наскоро ќе отпатва во официјална посета на Иран. Фарс додава дека според очекувањата главна тема за разговорор меѓу началниците на генералштабовите на Турција и на Иран, Акар и Бекири ќе биде соработката во борбата против тероризмот, како и заштита на границите,со посебен акцент на заедничката граница.


 

 



Слични вести