Странски печат 22.02.2017

Еве ги поважните настаниза Турција за кои известуваат странските медиуми

677573
Странски печат 22.02.2017

 

Иранската новинска агенција Ирна во статијата под н аслов „ Сенатор Меккејн, САД треба да сораоботуваат со Турција во борбата против ДЕАШ“ истакнува дека американскиот сенатор од републиканците Џон Меккејн во изјавата после средбата со претседателот Реџеп Тајип Ердоган го истакна следното: Во разговорот со претседателот Ердоган детално ги разгледавме сите аспекти од сирискиот конфликт. сметам дека со промената на власта во САД може да се размисли преразгледување на  американската политика кон Сирија. Сметам исто така дека САД би требало да соработуваат со Турција во борбата против ДЕАШ и во напорите за воспоставување на рамнотежа на Бсликиот исток. Ние како САД  очекуваме оваа соработка што поскоро да се реализира со цел подобрување на ситујацијата во Сирија.

Британската новинска агенција Ројтерс во извештајот под наслов „ Турскиот премиер Јилдирим: Турција очекува новната американска администрација да има разбирање на испорачување на Ѓулен“ истакнува дека, премиерот Бинали Јилдирим изразил оптимизам во врска со  исполнување на барањето на Турција за испорака на челникот на терористиката организација ФЕТО Фетулах Ѓулен .

Катарската телевизија Ал Џазира на интернет страницата објави текст под наслов „Не можат да ја поднесат еднаквоста со Турците“ .Ал Џазира истакнува дека претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи во разговор со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Лефкоша рекол дека грчката страна е одговорна за тоа што се уште нема разрешница кипартскиот конфликт. Тие,Грците не можат да поднесат да бидат еднакви со правата со Турците.

Руската новинска агенција ТАСС извести дека Онур Ер турска воздушна компанија од 2 мај планира да воведе нова линија Истанбул-Јуковскиј така да картите уште од сега биле пуштени на продажба.ТАСС додава дека како изгор го користел Јевгениј Солодилин прв помошник на генералниот директор на руската компанија Рампорт Аеро.

 

 

 



Слични вести