Странски печат 15.02.2017

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

672679
Странски печат 15.02.2017

Руската новинска агенција „ТАСС“ ја објави веста под наслов „Ердоган: На териториите исчистиени од ДАЕШ треба да се формираат безбедни зони“. Како што стои во веста претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изјави дека Турција сака да се формира безбедна зона во Сирија на површина од приближно 5 илјади квадратни километри исчистена од терористите. Претседателот Ердоган рече: „Нашата операција за исчистување на ДАЕШ од Ел Баб е при крај. Доколку делуваме заедно со коалиционите сили во операцијата за спасување на Рака и Менбич таму ќе се формира безбедна зона исчистена од терористите.“ Претседателот Ердоган истакна дека Анкара претходно им ја изнесе на коалиционите сили потребата за формирање и на зона на забранети летови во наведените области.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ во веста под наслов „Атињани по 100 години од Османлискиот период ја градат првата џамија“ истакна дека половина милион муслимани кои живеат во главниот град на Грција Атина по изминати повеќе од 100 години се стекнуваат со својата прва официјална џамија. Од Османлиското владеење до 1833 година досега во овој град никогаш немаше официјална џамија. Грчкиот министер за надворешни работи Јоанис Аманантидис минатата година истакна дека Атина е единствената европска престолнина во која „нема еден ваков верски објект“.

Иранската новинска агенција „ИРНА“ ја објави веста „Лавров: Преговорите во Астана ќе се реализираат во склопот на планот на Иран, Русија и Турција“ каде што истакна дека според изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, дводневните трети преговори во казахстанскиот главен град Астана посветени на Сирија  ќе започнат денеска (среда) во правец на утврдените цели од страна на Иран, Русија и Турција. Лавров истакна дека на третиот состанок во Астана освен претставници на Иран, Турција, Русија и Сирија ќе учествуваат и опозиционите вооружени групи кои го потпишаа договорот за прекин на огнот и за заедничка борба против ДАЕШ, Ел Нусра и другите терористички групи. 

Јапонскиот весник „Асахи Шимбун“ во веста под наслов „Турски функционери го посетија споменикот на фрегатата Ертугрул“ напиша дека турски владини функционери кои на покана на Меѓународната агенција за соработка (JICA)  се наоѓаат на обука во Јапонија во рамките на програмата на тема „Регионален развој“ на 13 февруари го посетија  градот Кушимото каде што се наоѓа споменикот на османлискиот воен брод  фрегатата Ертугрул која пред 127 години се насука на брегот. Единасет члената група турски функционери читаше дови (молитви) и ја испеа турската химна. Ќазим Текин, член на групата рече: „Дојдовме поради тоа што сакавме да им се заблагодариме на жителите на Кушимото кои ги погребаа загинатите и ги излекуваа преживеаните. Уште еднаш го почувствував значењето на обединувањето на двете земји за светскиот мир.“

 



Слични вести