Странски печат 18.01.2017

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање во врска со Турција:

653762
Странски печат 18.01.2017

„Ел Арабија“ од Обединетите Арапски Емирати во веста под наслов „Фатен напаѓачот на Реина“ соопшти дека турските безбедносни сили го фатија терористот одговорен за масакрот на познатиот ноќен клуб Реина во  Истанбул на новогодишната ноќ во кој животот го загубија 39 лица од кои 16 странски државјани. Турските медиуми истакнаа дека напаѓачот е фатен во реалзиирана операција од страна на полицијата во еден кварт. За време на операцијата заедно со напаѓачот се наоѓал и неговиот четири годишен син.  Претходно беше установено дека напаѓачот е Абдулгадир Машарипов од узбечко потекло познат по надимакот Ебу Мухамед ел Хорасани.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ во веста под наслов „Вицепремиерот: Во нападот на ноќниот клуб во Истанбул е вклучена и една разузнавачка организација“ им оддели места на изјавите на вицепремиерот Нуман Куртулмуш кој во понеделникот истакна дека нападот на ноќниот клуб во Истанбул на новогодишната ноќ со добиена помош и од една разузнавачка служба е реализиран професионално. Куртулмуш за еден приватен телевизиски канал рече: „Нападот на Реина не е работа само на една терористичка организација, туку во оваа работа е вклучена и една разузнавачка служба. Доста добро испланирана и организирана акција.“

Шпански „Ла Разон“ во веста под наслов: „Зелено светло за уставната реформа на Ердоган“ истакна дека Собранието на Турција ги усвои и последните два члена од пакетот уставни измени составен од 18 члена кој што е подготвен за воведување претседателски систем на управување. По разговорите во текот на една недела владејачката Партија за правда и развој (АКП) со поддршка и на опозиционата четврта по бројност партија во собранието Партијата за националистичко движење (МХП) успеа да се помине тро-петинското мнозинство од 330 гласа. Собранието почнувајќи од среда, денеска повторно ќе ги разгледа уставните измени и ќе го постави предлогот на гласање во пакет.  Доколку биде обезбедно потребното мнозинство претседателот Ердоган предлогот за уставни измени ќе го постави на референдум за кој што се очекува да се одржи во периодот од 26 март до 16 април.

Рускиот весник „Риа Новости“ ја објави веста под наслов „Лавров во телефонски разговор со Чавушоглу ги разгледа подготовките за разговорите во Астана“ каде што напиша дека во соопштението објавено на официјалната интернет страница на министерството за надворешни работи на Руската Федерација стои дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу разговараа по прашањето на подготовките за разговорите помеѓу страните во Сирија во главниот град на Казахстан Астана. Во соопштението се вели дека во остварениот телефонски разговор двајцата министри за надворешни работи Лавров и Чавушоглу размениле детални мислења во врска со состојбата во Сирија, а воедно нагласиле дека треба да се остане силно приврзан кон режимот на прекинување на воените активности во Сирија кој што беше воспоставен под посредништво на двете земји.



Слични вести