Странски печат 23.11.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање во врска со Турција:

615799
Странски печат 23.11.2016

Руската новинска агениција „Риа Новости“ во веста под наслов „Турција е дел од НАТО без кој што се не може“ им одделува место на изјавите на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција од периодот на Студената војна е дојдена во положба на дел од НАТО без кој се не може и членка која продолжува да им дава политичка и воена поддршка на активностите на Сојузот. Нагласувајќи дека НАТО претставува безбедносна платформа која ги обединува земјите кои што се приврзани кон идеалите за развој на демократските вредности, Ердоган напомена дека Турција која располага со втора по големина армија во склопот на НАТО продолжува да дава политичка и воена поддршка за одбрана на мирот во светски рамки. Ердоган подвлече дека Турција е дојдена во положба на ѕид која го спречува заминувањето на терористите во европските земји и дека има потреба од поддршката на НАТО во борбата против тероризмот.

Иранската официјална новинска агенција „ИРНА“ во веста под наслов „Турција нема да дозволи областа Синџар да се претвори во втор Кандил“ им одделува место на изјавите на портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин кој истакна дека Турција се наоѓа на прво место во борбата против тероризмот во светски рамки и во меѓународната коалиција против терористичката организација ДАЕШ. Велејќи дека терористичката организација ПКК во Ирак под изговори како што се одбрана на Езидите за кои вели дека ДАЕШ ги користи како жив штит се обидува да влезе во Синџар, Калин рече дека Турција нема да дозволи Синџар да се претвори во второ терористичко гнездо Кандил. Ибрахим Калин информираше и во врска со операцијата Еуфратски штит која што продолжува во северниот дел на Сирија уште од 24 август и рече: „Операциите ќе продолжат според планот и додека да бидат реализирани сите цели.“ Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин ја изнесе следната проценка: „Наша приоритетна цел е откако ќе достигнеме до одредена длабочина областа за која станува збор во рамките на операцијата Еуфратски штит да биде доведена во безбедна област за Турција.“    

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“ во текстот под наслов „Германија да престане да е засолниште за терористите“ информира дека претседателот на комисијата за човекови права при Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Јенероглу кој го посети Берлин одговараше на прашањата на турските и германските новинари. Јенероглу рече: „Германските политичари ги замолив да не даваат поддршка на тероризмот и да ги посетат блиските на загинатите во нападите на ПКК.“ Велејќи дека во последните 5 недели од страна на ПКК беа убиени 6 политичари, Јенероглу рече дека во Германија не им се одделува место на овие вести. Мустафа Јенероглу истакна дека ПКК ја користи Германија за активностите за обезбедување лица и за собирање пари за организацијата, а воедно напомена дека информацијата за тоа дека Грманија претставува безбедно пристаниште за ПКК стои и во изввештаите на германската служба за внатрешно разунавање (БНД). „Ги молиме оние кои се вознемирени од изјавите на Турција и особено претставниците на германската влада да ги испитаат сопствените извештаи.“

Катарскиот информативен орган „Ал Џезира“ во текстот под наслов „Рекордно пријавување за огласот за прием на војници на Турските вооружени сили“ истакна дека за огласот на Турските вооружени сили (ТВС) за прием на 1.122 офицери и 3.047 подофицери за 4 дена се псијавија приближно 55 илјади лица. Од овие пријавувања 13.215 беа доставени за офицери, а 41.742 за подофицери. Од друга страна за 700 војници за Специјалните сили од кои  200 офицери и 500 подофицери во рок од 20 дена од 1 ноември досега се поднесени 26. 520 пријави. Рокот за пријавувањеи ќе заврши на 30 ноември.



Слични вести