Странски печат 09.11.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање во врска со Турција:

606784
Странски печат 09.11.2016

„Гласот на Америка“ во веста под наслов: „Куртулмуш: САД треба да го одржат своето ветување по прашањето на Менбич“ пишува дека вицепремиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш направи проценка на неодамнешната ненадејна посета на началникот на Здружениот Генералштаб на американските вооружени сили генерал Џозеф Данфорд на Анкара  и неговата средба со началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар. Куртулмуш рече: „Нашата одлучност по прашањето на тоа дека терористичката организација ПЈД треба да ја напушти областа на Менбич во Сирија отворено му беше доставена на началникот на американскиот Генералштаб Данфорд кој ја посети Турција и како согласно дадените ветувања уште на почетокот внимателно беше изнесено значењето од што побрзо потполно напуштање на Менбич од страна на ПЈД. “ Вицепремиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш исто така напомена дека и во Рака не треба да се реализира операција со која ќе се промени демографијата.

Германски „Дојче Веле“ во веста под наслов „Звуците на расизмот во Европа“ истакна дека министерот за ЕУ Омер Челик по состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Анкара одржа конференција за претставниците на печатот. Велејќи „По обидот за преврат на 15 јули очекувавме лидерите на ЕУ да дојдат во Турција за да дадат јасна и силна порака до светот“, Челик рече: „Постојано да се застанува против Турција и постојано да се доведува во прашање Турција, не претставува правилен политички став. Постојано да се зборува во врска со Турција не би требало да претставува политика на Европа како институција. Она на кое што ние во суштина му придаваме значење се односите меѓу Турција и ЕУ да се одвиваат на смисловен начин. Министерот за ЕУ Омер Челик напомена дека оние кои повикуваат на прекинување на преговорите со Турција се расистичките средини.

Британскиот информативен сервис „ББС“ ја објави веста под наслов „ЕУ треба да биде подготвена за пропаѓањето на договорот со Турција за мигрантите“ каде што истакна дека можноста Анкара да го откаже договорот за мигрантите во случај и покрај тоа што беше ветено од страна на Шенгенската зона да не биде воведена визна либерализација за турските граѓани, предизвика паника во Европа. Австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскозил по остварената средба со  своите колеги од балканските земји и со функционерите на министерствата за одбрана одржа конференција за претставниците на печатот на која рече: „Во овој договор меѓу ЕУ и Турција постојат големи пукнатини и треба да се подготвуваме пред она што ќе се случи во случај на пропаѓање на договорот. Австрија и нејзините сојузници се загрижени доколку пропадне договорот меѓу Турција и ЕУ за мигрантите да дојде до нов бран мигранти како оној во 2015 година и оваа состојба да ги зајакне популистичките партии.

Иранската официјална новинска агенција „ИРНА“ во веста под наслов „Расте трговскиот обем помеѓу Турција и Иран“ истакнува дека Турција му придава посебно значење на развојот на економските и трговските односи со Иран. Со ставањето во примена на преференцијалниот трговски договор помеѓу Турција и Иран од почетокот на јануари 2015 година е доживеан забрзан раст во економските односи помеѓу двете земји. Во 2016 година извозот на Турција за Иран оствари раст од 43,1-отсто. Иран се наоѓа на седмото место меѓу земјите во кои Турција реализира извоз. Укинувањето на санкциите врз Иран и успешното применување на преференцијалниот трговски договор помеѓу двете земји претставува најзначаен елемент на оваа позитивна промена.



Слични вести