Странски печат 12.10.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање

587830
Странски печат 12.10.2016

Руската државна новинска агенција ТАСС во веста под наслов „Турција и Русија вложуваат напори за отворање нов коридор за снабдување со гас на Европа“ го објавува говорот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган што го одржа на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул. Претседателот Ердоган во говорот рече дека Турција и Русија се фокусираа кон формирање нов енергетски коридор за транспорт за Европа. Ние сме во позиција на транзитна земја но исто така инвестираме во развојот на техничката основа на проектот. Заедно со Русија, Алжир и Норвешка планираме да формираме четврт енергетски коридор за транспорт на горивото за Европа. Со започнувањето на гасоводниот проект Транс-Анадолија Европа ќе се стекне со нова алтернатива, посочи претседателот Ердоган и додаде дека тоа ќе биде првиот решителен чекор за формирање на трасата меѓу Турција и Грција за испорака природен гас на Европа. Убедени сме дека тоа е е многу значајно и за Европа, рече претседателот Ердоган.

Иранската новинска агенција ИСНА во веста под наслов „Средбата Ердоган - Путин“ истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин во рок од два месеци одржа трета средба со турскиот колега и дека во Истанбул разменија мислења во врска со случувањата во Сирија. Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган по средбата со Путин, на заедничката прес конференција рече дека со рускиот колега направиле детална проценка на сириското прашање и размениле мислења во врска со операцијата на Турските вооружени сили на северот на Сирија, можностите за доставување хуманитарна помош на Алепо и потребата за соработка за воспоставување стабилност за жителите на Алепо. Во текот на целиот ден разменивме мислења и за односите меѓу Русија и Турција. Во тие рамки, односите со Русија ќе се нормализираат во најскоро време. односите во економијата, трговијата и одбраната ќе ги развиеме на поинаков начин, рече претседателот Ердоган.

Азербејџанската новинска агенција АПА во веста под наслов „Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев рече дека под водство на Ердоган, турскиот народ ја спаси сегашноста и иднината“ го објавува говорот на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев на 23-от Светски енергетски конгрес кој рече дека оддржувањето на конгресот во Истанбул, претставува јасен показател за улогата на Турција во светските енергетски политики. Стабилноста и развојот на Турција се потребни за целиот свет, а не само за земјите кои ја сакаат Турција и пријателските земји. Бидејќи Турција моментално има мошне значајна улога во оформувањето на светските енергетски политики. Турција во јули успешно и со гордост го поминат тешкиот тест, рече претседателот Алијев и додаде: Турскиот народ, под водство на претседателот Ердоган покажа големо херојство и го одби обидот за воен удар. Ердоган ја спаси сегашноста и иднината на Турција. Азербејџан чувствува гордост со Турција, рече претседателот Алијев.

Узбекистанската новинска агенција КУН во веста под наслов „Турскиот министер за правда лично ќе отпатува во САД за екстрадицијата на Ѓулен“ истакнува дека министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг на 26 и 27 октомври ќе престојува во посета на САД каде што самиот лично ќе бара да се екстрадира Фетулах Ѓулен. Министерот Боздаг на американските власти ќе им ги достави доказните материјали во врска со илегалните активности на Ѓулен. Исто така ќе бидат доставени и претходно изготвените предмети и досиеја во врска со Ѓулен. Министерот Боздаг рече: Колку предмети во светот содржат толку документи како што содржи предметот на Ѓулен. Имаме информации и за досиејата во другите земји. Ако САД и покрај толку цврстите доказни материјали и досиеја не го екстрадира Ѓулен, тогаш кажете ни врз основа на кои документи се врши екстрадиција. Во досиејата има околу 500 илјади дигитални податоци, рече министерот Боздаг.



Слични вести