Странски печат 21.09.2016

Странските медиуми деновиве доста опширно известуваат за случувањата во и околу Турција

574164
Странски печат 21.09.2016

Радио Глас на Русија во веста под наслов „Ердоган во Њујорк на генералното собрание на ОН“ истакнува дека, претседателот Реџеп Тајип Ердоган пред заминување за Њујорк приреди конференција за печатот во аеродромот Ататурк. Претседателот Ердоган за сирискиот проблем рече дека на целиот свет треба да му биде јасно дека сирискиот проблем не е само проблем на Сиријците или на соседните земји на Сирија туку е глобален проблем. Секоја загубена минута во решавањето на сирискиот проблем е срам за ОН. Човештвото  конечно треба да биде свесно за оваа одговорност.

Американскиот информативен портал ТуркишЊЈ во веста под наслов „ Турскиот народ реагира на американските власти кои не го екстрадираат Ѓулен“ го истакнува следното : Министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу во интервју со Кристијана Аманпур за СНН Интернешнл  изјави дека можно е да има одредени недоразбирања меѓу Турција и САД но дека сепак не треба да се заборави дека тие се две сојузнички и модел држави како што тоа го тврди и претседателот Барак Обама. Сепак турскиот народ реагира на тоа што американските власти се уште не го екстрадираа во Турција челникот на терористичката организација ФЕТО Фетулах Ѓулен. Турција со право очекува Ѓулен да биде екстрадиран. Освен тоа и претседателот Барак Обама и неговиот заменик Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери исто така сакаат Ѓулен да биде екстрадиран во Турција,додаде министерот Чавушоглу.

Британски ББС во веста под наслов „Ердоган, Есад не би требало да биде дел од преодната влада на Сирија“ истакнува дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој престојува во Њујорк на годишните состаноци на ОН изјави дека Асад не би требало да биде дел од преодната влада на Сирија. Што се однесува до екстрадицијата на терористот Фетулах Ѓулен, Ердоган истакна дека САД не би требало да му пружат засолниште на терорист. Претседателот Ердоган за односите на неговата земја со ЕУ рече: Турција ги одржа сите ветувања пред ЕУ. Истото се очекува и од ЕУ. За жал ние не успеавме да ја завршиме оваа работа до крај,истовремено бараме искреност од ЕУ.



Слични вести