Странски печат 24.08.2016

Турција и понатаму во фокусот на вниманието на странските медиуми

558159
Странски печат 24.08.2016

Радио Глас на Америка од Вашингтон известува дека портпаролот на Белата Куќа Џош Ернест на неделната конференција за новинарите се осврнал на посетата на потпретседателот Џо Бајден на Турција и рекол дека Бајден ќе ја повтори поддршката на САД на демократски избраната турска влада во Анкара.Што се однесува до екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, Ернест изјавил дека меѓу САД и Турција постои договор за екстрадиција кој што е во сила веќе 30 години и дека САД ќе постапуваат согласно истиот договор.

Азербејџанската новинска агенција Тренд во веста под наслов „Меркел, соработката со Турција е исправна одлука“ истакнува дека, во Италија се одржа тројна средба на високо ниво меѓу италијанскиот премиер Матео Рензи, канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд со единствена точка на дневниот ред,Брекзитот на Британија. Тројката воедно се осврна и на бегалската криза а канцеларката Меркел изјавила дека соработката со Турција во однос на бегалците била добра одлука.

Катарската телевизија Ел Џезире извести дека во текот на неделава се очекува во Анкара да допатуваат европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос и делегација на европски експерти за надворешни работи. Делегацијата во Анкара ќе води разговори за  визната либерализација со Турција. Аврамопулос во врска со тоа изјавил дека Турција е клучна земја за ЕУ и дека треба да се зајакне соработката со властите во Анкара.

Иранската новинска агенција ИРНА во веста под наслов „Границите треба да се чистат од ДАЕШ“ извести дека министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјавил на конференција за печатот дека Турција ќе го зададе најтешкиот удар на терористичката организација ДАЕШ и на нејзината идеологија.Турските граници треба да се чистат од терористичката организација ДАЕШ, подвлекол министерот Чавушоглу. Во врска со барањето на Турција за депортирање на челникот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во Турција министерот Чавушоглу рекол дека во следните денови тој во придружба на министерот за правда Бекир Боздаг ќе отпатува за Вашингтон на разговори со претставниците на американските власти во врска со прашањето.

 



Слични вести