Странски печат 03.08.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

543637
Странски печат 03.08.2016

Англискиот сервис „BBC“ во веста под наслов „Јилдирим рече дека САД треба да покаже јасен и одлучен став против обидот за воен удар“ истакнува дека премиерот Бинали Јилдирим на средбата со началникот на Здружениот генералштаб на вооружените сили на САД Џозеф Данфорд рече дека големо значење има САД да покаже јасен и одлучен став против обидот за вооружен удар. Началникот на генералштабот Данфорд во изјавата рече дека остро го осудува обидот за вооружен удар и дека ја поддржува демократијата во Турција. Даннфорд и началникот на генералштабот на турските вооружени сили генерал на армија Хулуси Акар го посетија Големото национално собрание на Турција кое беше цел на бомбардирањето во обидот за воен удар. Генералот Данфор на средбата со претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Кахраман рече дека прашањето околу кестрадицијата на Фетулах Ѓулен ќе се разгледа во рамките на американското право и правда.

Новинската агенција Доган соопшти дека Данфорд, за работата на собранието под бомбите претставува голема храброст и дека навистина бил импресиониран од храброста на турскиот народ.

Руската новинска агенција „Спутник“ во веста под наслов „Бројот на потписите во САД за екстрадиција на Ѓулен изнесува над 78 илјади“ истакнува дека продолжува кампањатта на Турците кои живеат во САД, за собирање потписи преку интернет за екстрадиција на Ѓулен на Турција. На само две недели пред завршувањето на кампањата, се собрани 78 800 потписи, додека целта на кампањата е да се соберат 100 илјади потписи, поради што за остварување на оваа цел се потребни уште 22 илјади потписи. Насловот на кампањата која почна на 17 август гласи: „Барам Владата да ја напушти улогата на безбедно пристаниште за Фетулах Ѓулен и да му го предаде на Турција“. До кампањата за потпис, граѓаните имаат пристап преку следната веб адреса на Белата куќа: „petitions.whitehouse.gov“.

Германската агенција „ДПА“ во веста под наслов „Политичарот Брок од ЦДУ: Барањето на Турција за визна либерализација е легитимно“ истакнува дека политичарот Елмар Брок од редовите на германската Христијанска демократска унија ЦДУ, член на Европскиот парламент рече дека барањето на Турција за визна либерализација е легитимно. Брок во интервјуто за „Huffington Post“ рече дека Турција ги изврши обврските во врска со договорот за бегалците. Сега е ред на ЕУ да ги изврши своите обврски. Ова е легитимно. Во случај Турција ги прекшри основните човекови праа и слбоди, тогаш ЕУ може да не ја признае визната либерализација. Претстојните два месеци треба да ги искористиме за водење смирени преговори, рече Брок.

Јапонскиот економски весник „Нихон кеизаи шимбун“ во веста под наслов „Ограничено влијанието на обидот за воен удар“ ја објавува изјавата на потпретседателот на владата Мехмет Шимшек кој во освртот на влијанието на обидот за воен удар врз економијата рече се појави надолен ризик. Затоа можеме да кажеме дека економскиот раст за 2016 година ќе изнесува околу 4 отсто. Тоа е реален поглед. По обидот за воен удар, со откупувањето на турската валута од страна на домашните инвеститори дојде до поправање на вредноста на турската лира. Шокот беше временски определен и нема да трае долго, рече Шимшек.



Слични вести