Странски печат 15.06.2016

Според потпретседателот на Владата одговорен за економија Мехмет Шимшек економските показатели во првата четвртина од годинава отворено покажуваат дека економијата на Турција се уште е силна и дека владата ќе продолжи да ја поттикнува економската реформа

511228
Странски печат 15.06.2016

Кинеската официјална новинска агенција „Ксинхуа“ го истакна насловот: „Растот во првата четвртина ги надмина очекувањата“ каде што напиша дека последните податоци објавени од страна на Турскиот институт за статистика (ТУИК) на 10 јуни покажуваат дека во првата четвртина од 2016 година во бруто домашниот производ (БДП) во Турција во споредба со минатата година е остварен раст од 4,8-отсто и дека главна покренувачка сила во овој раст имаат трошоците на потрошувачите и владата. Овој процент на раст го надмина очекувањето на пазарот кое изнесуваше 4,4-отсто. Како што истакна и потпретседателот на Владата одговорен за економија Мехмет Шимшек економските показатели во првата четвртина од годинава отворено покажуваат дека економијата на Турција се уште е силна и дека владата ќе продолжи да ја поттикнува економската реформа и во наредниот период. Министерот за финансии Наџи Агбал исто така рече дека Владата ќе продолжи да ги поддржува неопходните реформи, да го поттикнува економскиот раст и да ги зголемува инвестициите и во иднина.  

Германскиот портал „Спутникњуз“ во веста под наслов Појаснување од Германија за Инџирлик“ напиша дека како што навел портпаролот на германското министерство за одбрана за неколку дена Турција и Германија ќе постигнат договор за изградба на засолниште и објекти за воздушни летала за германските сили кои се наоѓаат во воздушната база Инџирлик во Адана. Истиот портпарол рекол дека двете страни постигнале согласност во однос на значајни точки на договорот за изградба на објект за сместување на 400 војници, една централна зграда и еден центар за воздушни операции во базата Инџирлик и дека сега се работи на деталите.

Интернет страницата на „Гласот на Америка“ ја објави веста под наслов „Илјадници лица бегаат од Фелуџа“ каде што се вели дека илјадници лица во Фелуџа преку безбедносниот коридор формиран од страна на ирачката армија го напуштаат градот. Координаторката на ОН за хуманитарна помош на Ирак Лиса Гранде истакнува дека вчера градот Фелуџа го напуштиле 3.300 лица, додека на крајот од неделата избегале 4.000 лица. Во наредните денови градот се очекува да го напуштат уште илјадници лица. Повеќето од оние кои бегаат од Фелуџа ќе бидат сместени во 27 кампови кои се формирани во провинцијата Анбар, додека Лиса Гранде вели дека проблемот е во тоа што камповите се преполни.

Италијански „Интернационале“ го објавува насловот „ОН жешките зони за бегалците ги дефинираат како ’простори на затвор’“. Високиот комесар за човекови права на ОН Зејд Раад ел-Хусејин изјави во Женева дека центрите за регистрирање на бегалците формирани во Грција и Италија во 2015 година во рамките на новите правила на ЕУ, се дојдени во положба на центри за притвор на овие луѓе. Инаку овие центри требаше да ги поттикнуваат работите за сместување на бегалците во земјите на ЕУ, но тоа не вредеше. Имено од 160 илјади бегалци за кои се предвидуваше да бидат сместени согласно правилата на Европа, беа сместени само 1.600 бегалци.



Слични вести