Странски печат 08.06.2016

Глас на Америка соопшти дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе присуствува на погребот во Луисвил на легендарниот боксер Мухамед Али

506371
Странски печат 08.06.2016

Радиото Глас на Америка на својата интернет страница соопшти дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе присуствува на погребот во Луисвил на легендарниот боксер Мухамед Али кој почина пред неколку дена. Се очекува претседателот Ердоган да има обраќање на погребот на кој меѓу десетиците иљади ќе се појават и јорданскиот крал Абдулах 2. поранешниот американски претседател Бил Клинтон и артистот Били Кристал.

Радиото Глас на Германија на турски јазик на интернет страницата објави вест под наслов „Турски модел за Африка“. Радиото известува дека Европската комисија планира да потпише договор со земјите од Африка и Блискиот исток сличен на договорот што го потпиша со Турција а посветен на реадмисија на бегалците. Членот на Европската комисија Димитрис Аврамопулос во интервју за весникот Ди Велт вели дека ќе се настојува да се убедат земјите за кои што станува збор за прифаќање на бегалците а за оние кои нема да го прифатат тоа ќе се применат санкции. Аврамопулос во продолжение вели дека искуствата со Турција беа позитивни и дека истите сега ќе се применуваат кон земјите од Африка и Блискиот исток.

Иранската новинска агенција ФАРС извести дека на 1 јуни годинава во Техеран бил потпишан договор за соработка меѓу иранското министерство за енергија и една турска енергетска компанија во износ од 4,2 милијарди долари. Договорот предвидувал изградба на 7 електрани на гас во различни региони во Иран со моќност од 6020 мегавати. Договорот предвидувал изградбата на електраните да започне во првиот квартал на 2017 година, а истите ќе обезбедуваат 10 насто од вкупната потреба за електрична енергија на Иран.

Катарската телевизија ел Џезире извести дека Кина и во овој Рамазан го забрани постењето на муслиманите. Кинеската комунистичка партија  како и претходните години и годинава го забрани постењето за муслиманите во автономната покраина Синкјанг. Забраната се однесува на вработените во државните служби,ученици и студенти и деца. Освен тоа била издадена наредба рестораните во текот на денот во Рамазан да бидат отворени. Инаку во автономната покраина Синкјанг во Кина живеат над 10 милиони Муслимани Ујгурски Турци.



Слични вести