Странски печат 11.05.2016

Иранската новинска агенција ИРНА извести дека Иран и Турција постигнаа договор за царините.

488476
Странски печат 11.05.2016

Руски Спутник извести дека министерството за надворешни работи на Турција упати критика на адреса на високиот комесар на ОН за човекови права Зејд Раад ел Хусеин за неговата изјава во врска со борбата против тероризмот во Југоисточна Турција. Портпаролот на министерството за надворешни работи Танжу Билгич по тој повод изјави дека изјавата на комесарот Хусеин е сосема неприфатлива. Турција која војува против терористичките организации како што се ПКК, ДЕАШ.ПЈД и ДХКПЏ во исто време води грижа за безбедноста на граѓаните во овој дел на земјава. Таа посветува големо внимание како на заштитата на животот и имотот на граѓаните така и на нивната безбедност и слободно изразување.

Иранската новинска агенција ИРНА извести дека Иран и Турција постигнаа договор за царините. Договорот во голема мера ќе ја олесни трговијата меѓу двете соседни земји,додава ИРНА. Договорот од турска страна го потпиша Месут Кербасијан а од иранска Џинан Ашчи. Договорот предвидува 24 часовно  функционирање на граничниот премин Базерѓан – Ѓурбулаг, соработување во спречувањето на шверцот на дроги и друго. Договорот ќе стапи во сила во јуни годинава.

Турско-американскиот веб портал ТуркишЊЈ извести дека познатиот филхармониски оркестар од Лос Анѓелес приреди величествен бал во Лос Анѓелес под наслов „Ноќ на турскиот локум“.Турција по втор пат беше домаќин на оваа манифестација на симфонискиот оркестар која се одржува во последните 60 години. Програмата на балот се подготвуваше со месеци со голем ентузијазам а во реализацијата на истата учествуваа 15 уметници од Турција. Балот заврши со послужување на турски специјалитети и локум за гостите меѓу кои имаше амбасадори на 15 земји.

Радиото Глас на Германија извести дека два дена пред истекот на прекинот на огнот во Алепо сириските власти соопштија дека прекинот на огнот ќе продолжи за уште два дена. Прекинот на огнот во Алепо и претходно беше продолжен но постојано беше прекршуван. Инаку во овој град се водат жестоки судири меѓу режимските сили и опозицијата, потсетува Гласот на Германија.



Слични вести