Странски печат 02.03.2016

Лондонски Гардијан: Не ја жртвувајте Турција заради спас на Сирија

442822
Странски печат 02.03.2016

Лондонски Гардијан објави статија за последните случувања на Блискиот исток од Жан Мари Гуехено претседател на Меѓународната кризна група . Во статијата под наслов „Не ја жртвувајте Турција заради спас на Сирија“ авторот потсетува на терористичкиот напад во Анкара во кој животот го загубија 29 лица и вели : Турција се вовлекува во многудимензионални кризи. Нејзините западни сојузници треба да реагираат на тоа. Мислам дека треба комплексно да се разгледуваат сите проблеми на Турција, која се уште има цврста економија и чии политичари решително изјавуваат дека историски Турција никогаш не изгубила територија,подвлекува Гардијан..

Парискиот весник Ле Монд известува дека во Кале град во северот на земјата каде бил поставен бегалски камп се појавиле инциденти при евакуацијата на кампот. Група мигранти протестирале на одлуката на властите за евакуација на кампот. Полицијата интервенирала на демонстрантите кои го блокирале сообраќајот на автопатот во близината. Дошло до пресметка меѓу демонстрантите и полицијата. После евакуацијата на кампот мигрантите ќе бидат преместени во бараки и во собирни центри во другите делови на Франција, вели Ле Монд.

Радиото Глас на Германија извести дека според анкета спроведена од страна на германскиот национален телевизиски канал АРД, 81 насто од Германците се срамат поради протестите против мигрантите. Резултатот од сличната анкета спроведена во минатиот септември беше 71 насто, вели радиото и додава дека, голема улога во порастот на процентот на анкетираните кои изјавиле дека се срамат поради протестите против мигрантите одиграле протестите во Саксонија минатиот месец.

Иранската новинска агенција Фарс соопшти дека според портпаролот на министерството за надворешни работи на Иран, Џабири Енсари сирискиот народ ќе ја определи иднината на својата земја. На неделната конференција за печатот Енсари се задржа на прекинот на огнот во Сирија, изјавата на министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија за копнена интервенција врз Сирија и за Б планот за Сирија и рече дека само што поминаа два дена од прогласувањето на прекин на огнот одредени регионални актери веќе дискутираат за Б планот,што покажува дека тие средини не се сериозни во врска со прекинот на огнот,вели иранската новинска агенција Фарс.



Слични вести