Странски печат 06.01.2016

Лондонски Тајмс коментира: турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на вестите за наводна негова споредба на претседателскиот систем

423770
Странски печат 06.01.2016

Лондонски Тајмс коментира: турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на вестите за наводна негова споредба на претседателскиот систем чија импелементација се планира во Турција и Хитлеровата Германија. Ердоган рече дека неговите зборови на прес конференцијата биле извадени од контекст и погрешно интерпретирани. Според висок претставник на кабинетот на претседателот Ердоган, не станува збор за една ваква компарација.Претседателот Ердоган секогаш се изјаснувал против исламофобијата, холокаустот и антисемитизмот, така да сосема неосновани и необјективни се дискусиисте за тоа дека тој има позитивен став кон Хитлеровата Германија.

Израелскиот весник Хаарец пишува : турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција и Израел треба да го прифатат фактот дека зависат една од друга. Ердоган во разговорот со новинарите во авионот на враќање од официјалната посета на Саудиска Арабија рече: Израел има потреба од една Турција во регионот. А и ние треба да прифатиме дека имаме потреба од една земја како што е Израел.Тоа е регионален факт. Хаарец коментира дека турскиот претседател Ердоган рече дека нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе произлезе самото по себе доколку и Турција и Израел сосема искрено ги применат потребните мерки.

Јапонската новинска агенција Кјодо истакнува : Саудискиот крал Селман и турскиот претседател Ердоган на средбата во Ријад разгледаа неколку теми за соработка меѓу двете земји со приоритет на воената,економската и енергетската соработка. Како резултат од разговорите кои и двете страни ги оценија за поволни беше постигната согласност за формирање на Совет за стратегиска соработка. Турција и Саудиска Арабија силно бараат Асад да ја напушти власта,воедно отворено истакнуваат дека ќе ја поддржат групата на сириската опозиција која ќе учествува на повторените мировни преговори за иднината на Сирија во текот на овој месец.

Руската новинска агецнија Росбалт пишува: Алексеј Улукајев руски министер за економија и развој, во интервју за телевизискиот канал Росија24 меѓу другото го потврди фактот на зависноста на рускиот бизнис свет, особено туристичката индустрија од Турција.Голем број дејности слично на туристичката индустрија на Русија силно се поврзани со Турција.Ограничувањата осетно ги погодија овие области.На тезгите по пазарите во Русија имаше широк дијапазон на турски земјоделски производи.Наскоро ќе биде неизбежно да се пресмета цехот на загубите на руската економија,подвлекува министерот Улукајев.

Иранската новинска агенција ИРНА истакнува: Потпретседалот на турската влада и портпарол Нуман Куртулмуш изјави дека очекува од Саудиска Арабија и Иран што спокоро попуштање на меѓусебната затегнатост во односите. Саудиска Арабија и Иран се две моќни муслимански држави и регионот е во ситуација да не може повеќе да издржи на вакви големи тензични ситуации. Турција како пријател и со двете земји, апелира на разумно однесување од причина што непријателските однесување на Саудиска Арабија од една и Иран од друга страна ќе резултираат со големи проблеми како за нив самите така и за поширокиот регион,смета Нуман Куртулмуш потпретседалот на турската влада и портпарол.



Слични вести