Турските спортисти во 2021 година освоија вкупно 3.785 медали

Турските спортисти на Олимписките и Параолимписките игри во Токио, Светското првенство, Европското првенство, Балканското првенство и меѓународниот турнир во 2021 година, освоија 1.156 златни, 1.141 сребрени и 1.488  бронзени медали, вкупно 3.785 медали

1755573
Турските спортисти во 2021 година освоија вкупно 3.785 медали

Турските спортисти во 2021 година освоија вкупно 3.785 медали.

Турските репрезентативци успешно ја претставуваа Турција на меѓународната арена во текот на 2021 година кога продолжи и заканата од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Турските спортисти кои учествуваа на Олимписките и Параолимписките игри во Токио 2020, Светското првенство, Европското првенство, Балканското првенство и меѓународниот турнир во 2021 година, освоија 1.156 златни, 1.141 сребрени и 1.488  бронзени медали, вкупно 3.785 медали.

На 32. Летни олимписки игри што беа одржани во Токио, главниот град на Јапонија, турските спортисти освоија вкупно 13 медали од кои 2 златни, 2 сребрени и 9 бронзени.

Летните олимписки игри Токио 2020 кои поради епидемијата на Ковид-19 беа одложени една година, станаа олимпијада на која Турција освои најголем број медали.

Турскиот репрезентативец стрелец Мете Газоз и репрезентативката боксерка Бусеназ Сурмели, станаа олимписки шампиони и го запишаа со златни букви своето име во историјата на турскиот спорт.

На Параолимписките игри Токио 2020, Турција со вкупно освоени 15 медали од кои 2 златни, 4 сребрени и 9 бронзени фрли потпис на најголем постигнат успех досега. Репрезентативците спортисти освоија најголем број медали во историјата на параолимписките игри на кои учествуваа досега.

На чело на таблета на освоени медали на Турција во 2021 година се наоѓа Кик-бокс федерацијата со освоени 799 медали.

Потоа следуваат Таеквондо репрезентацијата со освоени 478 медали, Репрезентацијата во борење со 317 медали и Репрезентацијата во атлетиката со 300 медали.

 



Слични вести