Познати противниците на Турција и Северна Македонија во Лигата на нациите на УЕФА

Според ждрепката Турција ќе игра во Првата група од Лигата „Ц“ со Луксембург, Литванија и Фарските Острови, додека противници на Северна Македонија во истата Лига „Ц“ се Бугарија, Грузија и Гибралтар

1748927
Познати противниците на Турција и Северна Македонија во Лигата на нациите на УЕФА

Турската фудбалска репрезентација во Лигата на нациите на УЕФА ќе се натпреварува во Првата група од Лигата „Ц“ против репрезентациите на Луксембург, Литванија и Фарски Острови.

Извлекувањето се одржа во швајцарскиот град Нион во седиштето на УЕФА.

Поради растот во бројот на нови случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Европа, на церемонијата немаше учество од националните федерации.

Според ждрепката Турција ќе игра во Првата група од Лигата „Ц“ со Луксембург, Литванија и Фарските Острови, додека противници на Северна Македонија во Четвртата група од истата Лига „Ц“  се Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Распределба на земјите во групите во Лигите „А“, „Б“, „Ц“ и „Д“ се вака:

Лига А

1. Група: Франција, Данска, Хрватска, Австрија
2. Група: Шпанија, Португалија, Швајцарија, Чешка
3. Група: Италија, Германија, Англија, Унгарија
4. Група: Белгија, Холандија, Полска, Велс

Лига Б

1. Група: Украина, Шкотска, Република Ирска, Ерменија
2. Група: Исланд, Русија, Израел, Албанија
3. Група: Босна и Херцеговина, Финска, Романија, Црна Гора
4. Група: Шведска, Норвешка, Србија, Словенија

Лига Ц

1. Група: Турција, Луксембург, Литванија, Фарски Острови
2. Група: Северна Ирска, Грција, Косово, Кипарско-грчкиот дел - Естонија
3. Група: Словачка, Белорусија, Азербејџан, Казахстан - Молдавија
4. Група: Бугарија, Северна Македонија, Грузија, Гибралтар

Лига Д

1. Група: Лихтенштајн, Андора, Казахстан - Молдавија, Летонија
2. Група: Сан Марино, Кипарско-грчкиот дел - Естонија, Малта

Четирите првопласирани репрезентации во групите во Лигата „А“ ќе се натпреваруваат на финалниот турнир што ќе се одигра во јуни 2023 година.

Репрезентациите кои ќе ги завршат своите групни натпревари на првото место во Лигите „Б“, „Ц“ и „Д“ ќе се пласираат во следната лига.

Репрезентациите кои ќе се најдат на последното место во Лигите „А“ и „Б“ ќе испаднат во пониска лига.

Од четирите репрезентации кои  групните натпревари во Лигата „Ц“ ќе ги завршат на последното место по плеј-аут натпреварите коишто ќе ги одиграт во март 2024 година, две репрезентациите ќе останат во Лигата „Ц“, а две ќе испаднат во Лигата „Д“.

Со оглед на тоа што Европската фудбалска унија (УЕФА) сè уште не го објави форматот на натпреварувањето во квалификациите за Европското првенство 2024 (ЕВРО 2024), влијанието на резултатите во Лигата на нациите за учество на ЕВРО 2024 година ќе биде одредено подоцна.

 



Слични вести