Фенербахче изгуби од Олимпијакос со 1:0 со примениот гол во 90. минута

Фенербахче на одиграниот 5. натпревар во Групата „Д“ во Лига Европа на УЕФА изгуби од грчки Олимпијакос со примениот гол во 90. минута од натпреварот со резултат од 1:0

1738948
Фенербахче изгуби од Олимпијакос со 1:0 со примениот гол во 90. минута

Нашиот фудбалски претставник во Групата „Д“ во Лига Европа на УЕФА Фенербахче синоќа играше во гости против грчки Олимпијакос при што загуби со голот што го прими во 90. минута од натпреварот со резултат од 1:0.

Со овој добиен резултат Фенербахче остана на освоени 5 поени во групата, додека Олимпијакос бројот на своите поени го зголеми на 9.

Фенербахче натпреварувањето ќе го продолжи во Европската конференциска лига на УЕФА.

На вториот одигран натпревар во истата група германски Ајнтрахт Франкфурт и холандски Антверпен играа нерешено 2:2.

На тој начин од Групата „Д“ во Лига Европа на УЕФА излегоа Ајнтрахт Франкфурт и Олимпијакос.



Слични вести