Ката тимот на турската машка репрезентација го освои третото место на Светското првенство во карате

На првенството во Обединетите Арапски Емирати, турската машка ката репрезентација составена од Али Софуоглу, Емре Вефа Ѓокташ и Енес Оздемир освојувајќи го третото место во светот се закити со првиот медал  во својата историја во оваа категорија

1736609
Ката тимот на турската машка репрезентација го освои третото место на Светското првенство во карате

Ката тимот на турската машка репрезентација постигна историски успех и го освои третото место на Светското првенство во карате.

На организацијата која проодлжува во Обединетите Арапски Емирати, турската машка ката репрезентација составена од Али Софуоглу, Емре Вефа Ѓокташ и Енес Оздемир освојувајќи го третото место во светот се закити со првиот медал  во својата историја во оваа категорија.

Според објавеното соопштение од страна на Турската карате федерација, на петтиот ден од првенството кое продолжува во спортскиот комплекс Хамдан во Дубаи, Турција освои два бронзени медали.

Машката репрезентација во ката го освои првиот медал во ката екипно за Турција во историјата на светските првенства, додека Али Софуоглу во ката за мажи исто како и пред три години повторно го освои третото место и се закити со бронзен медал.

Турската машка ката репрезентација составена од Али Софуоглу, Емре Вефа Ѓокташ и Енес Оздемир на натпреварот за третото место освои 26,16 поени и воспоставувајќи надвласт над Франција со добиени 25,22 поени од судиите го донесе првиот медал за Турција во оваа категорија.

Турските репрезентативци каратисти и на Европското првенство што се одржа во месец мај во Пореч, во Хрватска, за прв пат во својата историја го освои првото место се закити со златен медал.

Али Софуоглу кој на Светското првенство во карате 2018 во Мадрид, главниот град на Шпанија, го освои третото место истиот успех го повтори и во Дубаи.

Софуоглу кој на мечот за третото место против Швајцарецот Јуки Уџихара освои 26,92 поени, го остави за себе својот противник кој имаше освоено 25,6 поени.

Во кумите за мажи во категоријата до 75 килограми Ерен Аккурт изгуби од својот американски противник Томас Скот со 5-2 и првенството го заврши на петтото место.

 



Слични вести