Турк Телеком постигна серија од три победи по ред на свој терен во УЛЕБ Купот

Турк Телеком на петтиот одигран натпревар во Групата „А“ на УЛЕБ Купот ја пречека дома руската екипа Локомотив Кубан и извојувајќи победа со резултат од 88:85 постигна серија од три победи по ред, без пораз на свој терен

1735073
Турк Телеком постигна серија од три победи по ред на свој терен во УЛЕБ Купот

Нашиот претставник Турк Телеком на петтиот одигран натпревар во Групата „А“ на УЛЕБ Купот ја пречека дома руската екипа Локомотив Кубан и извојувајќи победа со резултат од 88:85 постигна серија од три победи по ред, без пораз на свој терен.

Мечот започна со изедначени сили и Турк Телеком во 5-тата минута премина во водство од 9:8.

Првата четвртина со 10-те постигнати коша на Харисон заврши со 24:17 за Турк Телеком, а на полувремето се одеше во соблекувалната со предност од 47:39.

Турк Телеком беше ефикасен со брзите напади на почетокот на третата четвртина и иако во 24-тата минута разликата ја зголеми до 14 коша (60:46) на четвртата и последна четвртина се одеше до предност од 66:60.

Гостинската екипа Локомотив Кубан и покрај тоа што на 3 минути пред крајот на мечот го изедначи резултатот на 80:80, нашиот претставник одговори со тројките на Перез и Харисон со што го доби мечот со резултат од 88:85.

На тој начин Турк Телеком ја извојува својата трета победа од 5 одиграни натпревари, додека руски Локомотив Кубан го претрпе првиот пораз.

Турк Телеком го доби и третиот меч на свој терен и шестиот натпревар ќе го одигра во гости против МораБанк Андорра.

 



Слични вести