Турција за квалификациите за Светскиот куп 2022 вечерва и гостува на Црна Гора

Турската фудбалска репрезентација вечерва на десетиот и последен натпревар во Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп ФИФА 2022 ќе и гостува на Црна Гора

1734330
Турција за квалификациите за Светскиот куп 2022 вечерва и гостува на Црна Гора

Вечерва нашите погледи ќе бидат свртени кон екраните на Турската радио и телеизвија (ТРТ), а нашиот слух кон Холандија.

Турската фудбалска репрезентација вечерва на десетиот и последен натпревар во Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп ФИФА 2022 ќе и гостува на Црна Гора.

Овој критичен меч ќе се емитува директно во живо на телевизиските екрани на TRT 1.

Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Подгорица, ќе започне во 22:45 часот по турско време и ќе се пренесува директно на TRT 1, TRT RADYO 1, TRT İZLE и trtspor.com.tr

На натпреварот правдата ќе ја дели судијата Даниел Зиеберт од Германската фудбалска федерација.

Турција во квалификационата група пред последните натпревари има освоено 18 поени колку што има и Норвешка со која се наоѓаат на второ место и има предност од еден постигнат гол повеќе.

На лидерската позиција во групата се наоѓа Холандија со освоени 20 поени.

Репрезентацијата која ќе го освои првото место во групата учествува директно на Светскиот куп, а второпласираната репрезентација ќе се стекне со право да игра во плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар следната година.

Пред да бидат одиграни и последните натпревари во квалификационите групи Турција има шанса да го освои и првото место во групата...

Вечерва кога Турција игра со Црна Гора, играат и Холандија и Норвешка.

Така доколку Турција ја победи Црна Гора, а Норвешка ја победи Холандија и Турција ја задржи предноста по бројот на постигнати голови пред Норвешка, ќе се стекне со право директно да оди на Светското фудбалско првенство како лидер во групата.

Доколку мечот помеѓу Холандија и Норвешка заврши со нерешен резултат Турција за да оди во плеј-офот ќе биде доволно да игра нерешено, односно да освои само еден поен.

 



Слични вести