Турската пливачка Викторија Зејнеп Ѓунеш освои златен медал на ЕП во кратко пливање

Турската пливачка Викторија Зејнеп Ѓунеш го освои првото место и се закити со златен медал на Европското првенство во кратко пливање во Казан-Република Татаристан, во составот на Русија

1728465
Турската пливачка Викторија Зејнеп Ѓунеш освои златен медал на ЕП во кратко пливање

Историски успех на Турција во пливање...

Турската пливачка Викторија Зејнеп Ѓунеш го освои првото место и се закити со златен медал на Европското првенство во кратко пливање.

Турската пливачка која освојувајќи го првото место во категоријата 400 метри поединечно мешано се искачи на пиедесталот, ја освои првата европска шампионска титула за сениори за Турција. 

На Европското првенство во кратко пливање што се одржува во градот Казан во Република Татаристан во составот на Русија 23-годишната турска пливачка Викторија Зејнеп Ѓунеш на финалната трка во категоријата 400 метри поединечно мешано постигна резултат од 4 минути 30 секунди 45 стотинки.

Со овој постигнат резултат со кој го освои првото место и како европска шампионка се закити со златен медал, турската пливачка Викторија Зејнеп Ѓунеш го подобри и нејзиниот сопствен рекорд на Турција.



Слични вести