Бешикташ по два продолжетоци го победи литвански Ритас со 82:79

Турскиот претставник Бешикташ на третиот одигран натпревар во Групата „Х“ во Лигата на шампионите на ФИБА  по два одиграни продолжетоци го победи литвански Ритас со резултат од 82:79

1728475
Бешикташ по два продолжетоци го победи литвански Ритас со 82:79

Турската машка кошаркарска екипа Бешикташ Icrypex на третиот одигран натпревар во Групата „Х“ во Лигата на шампионите на ФИБА го пречека дома литванскиот претставник Ритас.

На мечот што се одигра во Спортскиот и културен комплекс „Акатлар“ во Истанбул, нашиот претставник  по два продолжетоци го победи Ритас со резултат од 82:79.

И двете екипа натпреварот го започнаа згрчено, но домаќинот Бешикташ првата чертвтина ја заврши со предност од 22:6.

Во третата четвртина, страната која играше подобро беше литванскиот претставник.

Бешикташ можеше да постигне само 11 коша, додека Ритас со постигнати 21 кош разликата ја намали на 7 коша и нашите црно-бели кошаркари на четвртата и последна четвртина отидоа со предност од 55:48 коша.

Во последната четвртина Бешикташ се соочи со тешкотии да ја сопре ефикасната игра во напад на својот противник, така да на 3 секунди до крајот на мечот резултатот беше изедначен на 69:69 и натпреварот одеше на продолжетоци.

Откако делот од првиот продолжеток повторно заврши со нерешен резултат, натпреварот одеше на продолжетоци по втор пат.

Бешикташ Icrypex во вторите продолжетци беше подобра и го победи својот литвански противник Ритас со резултат од 82:79 коша.

 



Слични вести