Турција на Светското првенство во кик бокс во Италија освои вкупно 42 медали

Турција на Светското првенство во кик бокс чиј домаќин беше Италија освои 8 златни, 14 сребрени и 20 бронзени медали, вкупно 42 медали

1724138
Турција на Светското првенство во кик бокс во Италија освои вкупно 42 медали

Турските спортисти репрезентативци на Светското првенство во кик бокс што се одржа во Италија  освоија вкупно 42 медали од кои 8 златни, 14 сребрени и 20 бронзени.

Според објавеното соопштение од страна на Федерацијата на Турција за кик бокс, на првенството златни медали освоија Нагихан Калјонџу, Зехра Доган, Емине Арслан, Дилара Келеш, Дујгу Туран, Назим Челик, Салих Самет Оруч и Џебраил Генчоглу.

Сребрени медали освоија Фатма Ханим Ѓокче, Бушра Демирајак, Хајрије Турксој Ханчер, Шејманур Џанполат, Сена Амине Нур Озген, Јунус Емре Батан, Али Којунџу, Фајсал Силив, Кадир Јилдирим, Тургут Дагдаган, Билал Дурал, Јусуф Ачик, Метин Јорук и Хакан Коч.

Бронзени медали освоија Султан Зилан, Менсуре Карадаји, Ќубра Аксој, Ќубра Коџакуш, Фејзанур Азизоглу, Ѓулсум Озен, Асуман Чиглиоглу, Ѓулер Дениз Топуз, Бејза Ајдин, Фатманур Караѓоз, Џерен Качар, Хасан Зилан, Али Атаберк Ѓурбузџан, Нури Чинар, Сејит Баттал Ај, Бедирхан Ерсајар, Исмаил Кале, Керем Оз, Давут Каја и Реџеп Мен.

Претседателот на Федерацијата за кик бокс на Турција Салим Кајиџи истакна дека турските репрезентативци фрлија потпис на голем успех на првенството, им честиташе на спортистите и им се заблагодари на нив, на тренерите и на сите оние кои ги поддржуваа.



Слични вести