Галатасарај ја победи во гости Локомотив Москва со резултат од 0:1

Единствениот гол на натпреварот помеѓу Галатасарај и Локомотив Москва пристигна во 82-рата минута од Керем Актуркоглу

1723291
Галатасарај ја победи во гости Локомотив Москва со резултат од 0:1

Нашиот претставник во Галатасарај во третото коло од натпреварите во Групата „Е“ во Лига Европа на УЕФА, синоќа ја победи во гости руската екипа Локомотив Москва со резултат од 1:0.

На тој начин жолто-црвените фудбалери со оваа извојувана победа се враќаат од Москва со освоени три поени.

Во првото полувреме од натпреварот немаше гол и фудбалерите отидоа во соблекувалната со нерешен резултат 0:0.

Во 82-рата минута од натпреварот на сцена се појави Керем Актуркоглу и Галатасарај премина во водство од 1:0.

Со оваа победа Галатасарај бројот на своите поени во групата „Е“ го зголеми на 7 и го продолжува водството во групата.

Руската екипа Локомотив Москва пак, досега од три одиграни натпревари има освоено само еден поен.



Слични вести