Фенербахче играше нерешено со белгиски Антверп (2:2)

Фенербахче синоќа го пречека белгиски Ројал Антверп и овој натпревар во третото коло од Групата „Д“ во Лига Европа на УЕФА заврши нерешено 2:2

1723289
Фенербахче играше нерешено со белгиски Антверп (2:2)

Нашиот претставник Фенербахче во третото коло од натпреварите во Групата „Д“ во Лига Европа на УЕФА, синоќа го пречека дома белгиски Ројал Антверп.

Натпреварот заврши нерешено со резултат од 2:2.

Уште на самиот почеток на мечот во втората минута гостинската екипа со голот на Самата кој инаку беше изнајмен од Фенербахче премина во водство од 1:0.

Во 20-тата минута Фенербахче со голот на Валенсија го израмни резултатот на 1:1, а во 36-тата минута Валенсија не можеше да постигне гол од пенал.

Во последните моменти од првото полувреме во 45-тата минута Фенербахче доби уште еден пенал. Валенсија овојпат беше прецизен и Фенербахче премина во водство од 2:1.

Белгиски Ројал Антверп ја урамнотежи играта при што користеше едноподруго неколку корнери и во 62-тата минута со голот на Геркенс го изедначи резултатот на 2:2.

Во останатиот дел од натпреварот немаше друг гол и мечот заврши со нерешен резултат од 2:2.

Со овој резултат белгиски Ројал Антверп го освои својот прв поен во групата, додека нашиот претставник Фенербахче бројот на своите поени го зголеми на два.



Слични вести