Фенербахче Беко го победи Уникс Казан со убедлив резултат од 80:41

Нашиот жолто-лилјаков претставник Евролигата „Туркиш Ерлајнс“ од почетокот до крајот на мечот презентираше супериорна игра и победувајќи го својот противник Уникс Казан со разлика од 39 коша (80:41) ја извојува својата втора победа во оваа сезона

1720035
Фенербахче Беко го победи Уникс Казан со убедлив резултат од 80:41

Фенербахче Беко во четвртото коло на Евролигата „Туркиш Ерлајнс“ го победи Уникс Казан со убедлив резултат од 80:41.

Нашиот жолто-лилјаков претставник од почетокот до крајот на мечот презентираше супериорна игра и победувајќи го својот противник со разлика од 39 коша (80:41) ја извојува својата втора победа во оваа сезона. 

Гостинската екипа Уникс Казан можеше да постигне само 41 кош и го одигра својот меч со најмалку постигнати коша во Евролигата во својата историја.

Кај Фенербахче Беко Девин Букер за 18 минути колку што беше во игра постигна 16 коша и со 5 скокови, 4 украдени топки и 22 вредносни поени беше избран за најдобар кошаркар на мечот.

Фенербахче Беко во понеделник ќе игра против еден друг наш претставник во Евролигата „Туркиш Ерлајнс“ Анадолу Ефес.



Слични вести