Турција ја победи Летонија со 2:1 со постигнатиот гол во 90+9-тата минута од мечот

Турција на натпреварот што се одигра синоќа во Рига на кој домаќинот Летонија премина во водство од 1:0, најпрвин со голот на Сердар Дурсун во 75-тата минута, а потоа со голот на Бурак Јилмаз од пенал во 90+9-тата минута извојува победа од 2:1

1718096
Турција ја победи Летонија со 2:1 со постигнатиот гол во 90+9-тата минута од мечот

Турската фудбалска репрезентација на осмиот натпревар во Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп 2022 што се одигра синоќа, со голот на Бурак Јилмаз од пенал што го постигна во продолжетоците од мечот во 90+9-тата минута, ја победи Летонија со резултат од 2:1.

Турција на натпреварот што се одигра синоќа во Рига на кој домаќинот Летонија премина во водство од 1:0, најпрвин со голот на Сердар Дурсун во 75-тата минута го изедначи резултатот на 1:1, а потоа со голот на Бурак Јилмаз од пенал во 90+9-тата минута извојува победа од 2:1.

На тој начин, со оваа извојувана победа во последен момент, Турција бројот на своите поени во групата го зголеми на 15 и продолжува да ги следи во чекор второпласираната Норвешка со 17 и првопласираната Холандија со 19 поени.

Турција својот девети натпревар во квалификационата група ќе го одигра на 13 ноември на домашен терен против Гибралтар. 

По победата на турската фудбалска репрезентација во гости против Летонија, со постигнатиот гол во продолжетоците на мечот, во последен момент, новиот технички директор на репрезентацијата Штефан Кунц заплака од радост.

По постигнатиот гол во последниот момент германскиот технички директор Кунц доживеа голема радост и по последната судиска свирка доживеа силни емотивни чувства и не можеше да ги задржи солзите.

Турските фудбалери и техничката екипа по постигнатиот победоносен гол во последниот момент и по последната судиска свирка со која беше означен крајот на натпреварот, исто така доживеаја голема радост.

Турската фудбалска репрезентација својата прва победа со новиот германски технички директор Штефан Кунц ја извојува во гости против Летонија, што беше и прва извојувана победа против оваа земја по изминати 97 години.

Турција првата и единствена победа против Летонија ја извојува на 22 јуни 1924 година во Рига.

Во понатамошните години, по 1924 година, беа одиграни 6 мечеви од кои еден заврши со пораз и 5 со нерешен резултат.

Сердар Дурсун кој за прв пат беше поканет да го облече репрезентативниот дрес влезе во второто полувреме од натпреварот против Летонија и на овој негов прв настап го постигна и првиот гол.

Техничкиот директор Штефан Кунц во 65-тата минута од натпреварот на местото на Оркун Ќоќчу го зеде во игра Сердар Дурсун кој во 75-тата минута го изедначи резултатот на 1:1.

Потоа пак, во продолжетоците од мечот во 90+9-тата минута со голот на Бурак Јилмаз од пенал во последен момент беше извојува победа од 2:1 и беа освоени 3 поени од Летонија во гости.

Бурак Јилмаз синоќа го постигна и својот 30-ти гол од досега 74 настапи за турската фудбалска репрезентација.

 



Слични вести