На трката за Големата награда на Турција во Формула 1 победи пилотот на Мерцедес Ботас

На трката за Големата награда на Турција во Формула 1 победи финскиот пилот на Мерцедес Валтери Ботас, втор беше холандскиот пилот на Ред Бул Макс Верстапен, а трет неговиот тимски колега мексиканскиот пилот Серхио Перез

1717439
На трката за Големата награда на Турција во Формула 1 победи пилотот на Мерцедес Ботас
Formula 1 Türkiye Grand Prix.jpg

На Големата награда на Турција во Формула 1 триумфираше финскиот пилот на Мерцедес Валтери Ботас.

На трката што се возеше вчера на патеката „Интерсити Истанбул парк“ по извозени 58 круга победи Ботас кој пристигна прв до карираното црно-бело финиш знаме и  ја извојува својата прва победа вo сезоната.

На 16-тата трка во оваа сезона во Формула 1 пилотот на Мерцедес Ботас стартуваше од пол-позиција и со одлично извозени 58 круга стигна прв до целта.

Второто место на трката го освои холандскиот пилот на Ред Бул Макс Верстапен, а трет беше неговиот тимски колега мексиканскиот пилот Серхио Перез.

Верстапен оваа сезона успеа по 12-ти пат да се искачи на пиедесталот, Ботас по 9-ти пат и Презе по 3-ти пат.

Четвртото место го освои пилотот на Ферари Шарл Леклер, додека актуелниот шампион британскиот пилот на Ферари Луис Хамилтон ја заврши трката на петтата позиција.

Инаку Луис Хамилтон беше најбрз во трката за пол-позицијата но поради замена на погонската единица во болидот ја започна трката од 11-тата позиција.

На шестото место се пласира пилотот на Алфа Таури Пјер Гасли, пилотот на Мекларен Ландо Норис ја заврши трката на седмото место, а пилотот на Ферари Карлос Саиз го освои осмото место.

Меѓу првите десет на трката се пласираа и Ленс Строл од Астон Мартин како деветти и Естебан Окон од Алпине кој го освои десеттото место.

По трката за Големата награда на Турција во Формула 1 финскиот пилот на Мерцедес Макс Верстапена ја презеде лидерската позиција со освоени 262,5 бода и тоа со 6 бода повеќе од второпласираниот британскиот пилот на Ферари Луис Хамилтон. 

Валтери Ботас со денешната извојувана победа на трката на патеката „Интерсити Истанбул парк“ има освоено вкупно 177 бода и се наоѓа на третото место. На четвртото место е Ландо Норис со 145, додека Серхио Перез е петти со 135 бода.

Следната трка за Големата награда на САД во Формула 1 што ќе се вози во Остин е закажана за 24 октомври 2021 година.

 



Слични вести