Одбојкарките на ВакифБанк шампионки во Спор Тото 2021

На натпреварот на којшто се водеше силна борба ВакифБанк ја победи Еџзаџибаши Динавит со резултат од 3:0 во сетови и по втор пат стана шампион

1715296
Одбојкарките на ВакифБанк шампионки во Спор Тото 2021

На одиграниот натпревар за шампионскиот куп на Спор Тото 2021 во одбојка за жени ВакифБанк ја победи Еџзаџибаши Динавит со резултат од 3:0 во сетови и освојувајќи го пехарот по четврти пат стана шампион.

На натпреварот на којшто се водеше силна борба помеѓу двете екипи, во првиот сет одбојкарките на Еџзаџибаши Динавит направија критични грешки со сервисите што пак беше добро искористено од страна на одбојкарките на ВакифБанк кои со освоениот поен на Мерјем Боз од сервис преминаа во водство од 18:16.

ВакифБанк го продолжи водството и првиот сет го доби со 25:21. 

Во вториот сет Еџзаџибаши Динавит започна добро, но ВакифБанк повторно премина во водство и го доби и овој сет овојпат со 25:19.

Во третиот и последен сет ВакифБанк играше посмирено и го доби и овој сет со 25:19.

На тој начин, ВакифБанк извојува победа од 3:0 во сетови против својот противник Еџзаџибаши Динавит и по четврти пат го освои пехарот.

 



Слични вести