Напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски ја доби наградата „Златна копачка“

Полскиот центрафор, 33-годишниот напаѓач кој со постигнати 41 гол во сезоната 2020-2021 стана играч со најголем број постигнати голови во историјата на Бундеслигата, ја доби наградата „Златна копачка“

1709118
Напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски ја доби наградата „Златна копачка“

Роберт Левандовски кој настапува за Баерн Минхен во германската Бундеслига со церемонија ја доби наградата „Златна копачка“ којашто му се доделува на најдобриот стрелец кој има постигнато најголем број голови во фудбалските лиги во Европа.

Полскиот центрафор, 33-годишниот напаѓач кој со постигнати 41 гол во сезоната 2020-2021 стана играч со најголем број постигнати голови во историјата на Бундеслигата, на церемонијата на доделување на наградата „Златна копачка“ што се одржа во Минхен наградата ја доби од познатиот германски фудбалер Герд Милер (кој има постигнато 40 голови).   

На церемонијата, Левандовски своите чувства ги изнесе со следните зборови: „Многу сум среќен, тоа е голема чест. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, соиграчите, тренерскиот штаб и целиот Баерн Минхен. Без нивната поддршка, немаше да можам да освојам вакви награди. Во спортот, како и во животот, многу е важно да се вреднувате, да се поддржувате, секогаш да бидете искрени еден кон друг и да се обидувате да бидете пример за другите. Затоа оваа награда им ја посветувам на сите луѓе кои се покрај мене секој ден. Многу сум задоволен од она што го постигнавме заедно како тим. Ви благодарам.“

 



Слични вести