Бешикташ изгуби дома од Борусија Дортмунд со резултат од 1:2

Бешикташ во првиот натпревар во Групата „Ц“ во Лигата на шампионите изгуби дома од германски Борусија Дортмунд со резултат од 1:2

1706668
Бешикташ изгуби дома од Борусија Дортмунд со резултат од 1:2
1.JPG
Bellingham.JPG
Francisco Montero.JPG
Sergen dortmund.JPG
Marco Rose.JPG

Турскиот фудбалски претставник во Групата „Ц“ во Лигата на шампионите на УЕФА синоќа играше против германскиот претставник Борусија Дортмунд. 

Натпреварот се одигра на стадионот „Водафон Парк“ во Истанбул и заврши со победа на гостинската екипа со резултат од 1:2.

Страната која мечот го започна побрзо и поорганизирано беше Борусија Дортмунд. 

Германската екипа со голот на Белингам во 20-тара минута од натпреварот премина во водство од 1:0.

Во 45+3-тата минута пак, со голот на Ерлинг Халанд разликата беше зголемена на 2:0.

Единствениот гол за Бешикташ пристигна дури на крајот на мечот во продолжетоците во 90+4-тата минута од Франциско Монтеро. 

На тој начин Бешикташ изгуби од Борусија на Дортмунд дома на свој терен со резултат од 1:2.

Во другиот натпревар што се одигра синоќа во Групата „Ц“ холандски Ајакс го победи во гости португалски Спортинг Лисабон со убедлив резултат од 1:5 со што со предност во постигнати голови се искачи на лидерската позиција во групата.

Турскиот претставник Бешикташ во вториот натпревар во групата ќе му гостува на холандски Ајакс. 

Натпреварот ќе се одигра на 28 септември во вторник вечер во 19:45 часот по турско време. 

 



Слични вести