Турција изгуби од Холандија со 6:1 и здоби тешка рана на патот кон Светскиот куп 2022

Турција на шестиот натпревар во Групата „Г“ од европските квалификации за Светскиот куп ФИФА 2022 изгуби од Холандија со резултат 6:1 и здоби тешка рана на патот за учество на Мундијалот

1704323
Турција изгуби од Холандија со 6:1 и здоби тешка рана на патот кон Светскиот куп 2022

Турската фудбалска репрезентација на одиграниот шести натпревар во Групата „Г“ од европските квалификации за Светскиот куп ФИФА 2022 изгуби од Холандија со резултат од 6:1.

Турските фудбалери кои на овој натпревар излегоа како лидер во групата со досега освоени 11 поени го претрпеа првиот пораз на досега одиграните шест натпревари и опаднаа на третото место во групата.

Холандија пак, која серијата од победи ја зголеми на 5 натпревари бројот на своите поени го зголеми на 13 и со предност во постигнати голови се искачи на лидерската позиција во групата пред Норвешка која исто така има освоено 13 поени.

Турција својот седми натпревар во групата ќе го одигра на 8 октомври во Истанбул против Норвешка.

Холандија пак, истиот ден ќе игра против Летонија. 

 



Слични вести