Турција го победи Гибралтар со 3:0

Турција со извојуваната победа над Гибралтар ја извојува третата победа во групата и зголемувајќи ги своите поени на 11 го продолжува водството во групата

1702614
Турција го победи Гибралтар со 3:0

Турската фудбалска репрезентација на петтиот одигран натпревар од европските квалификации во Групата „Г“ за Светскиот куп ФИФА 2022 го победија Гибралтар со резултат од 3:0.

Со оваа извојувана победа Турција ја извојува третата победа во групата и зголемувајќи ги своите поени на 11 го продолжува водството во групата. 

Гибралтар пак, ипо петтиот одигран натпревар не можеше да освои поен.

Моментално на табелата во Групата „Г“ веднаш по Турција која продолжува да се наоѓа на лидерската позиција со 11 поени, следуваат Холандија и Норвешка со по 10 поени.

Натпреварот помеѓу Турција и Гибралтар на крајот на првото полувреме заврши без гол, а во второто полувреме головите за Турција пристигнаа од Халил Дервишоглу, Хакан Чалханоглу и Кенан Караман. Освен тоа турската репрезентација не можеше да постигне гол и од пенал со Енес Унал.

Турција шестиот натпревар во групата ќе го одирга на 7 септември против Холандија.



Слични вести