Турската женска одбојкарска репрезентација го освои третото место на ЕП 2021

Турските одбојкарки ја победија Холандија со 3:0 во сетови и освојувајќи го третото место на Европското првенство ЦЕВ 2021 се закитија со бронзен медал

1702605
Турската женска одбојкарска репрезентација го освои третото место на ЕП 2021

Турската женска одбојкарска репрезентација на натпреварот за третото место на Европското првенство ЦЕВ 2021 ја победи Холандија со 3:0 и освојувајќи го третото место се закити со бронзен медал.

Натпреварот се одигра во главниот град на Србија, Белград и турските одбојкарки презентираа извонредна игра против нивните холандски противнички.

Мечот заврши со убедливи 3:0 за Турција во сетови со 25:20, 25:29 и 25:23.

Турските одбојкарки со оваа извојувана победа го освоија бронзениот медал на првенството.

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу и честита на женската одбојкарска репрезентација за победата над Холандија со 3:0 и освоениот бронзен медал на првенството.



Слични вести