Турската машка одбојкарска репрезентација ја победи Шпанија со 3:1 во сетови

Турските одбојкари во вториот натпревар на Европското првенство ЦЕВ 2021 ја победија и Шпанија и постигнаа серија од две победи

1702318
Турската машка одбојкарска репрезентација ја победи Шпанија со 3:1 во сетови

Турската машка одбојкарска репрезентација во вториот натпревар во Групата "Ц" на Европското првенство ЦЕВ 2021 ја победи Шпанија со резултат од 3:1 во сетови.

Турските одбојкари "Ефињата-јунаците на мрежата" кои на два пати по ред станаа шампиони во Европската златна лига ЦЕВ; на Европското првенство за мажи 2021 постигнаа серија од две победи.

Турската репрезентација на натпреварот во градот Тампере во Финска првиот сет го доби со 25:16, а вториот сет го доби Шпанија 31:29 и резултатот беше изедначен на 1:1 во сетови.

Во третиот сет турските одбојкари и покрај тоа што губеа со 5 поени разлика успеаја да се вратат во игра и го добија овој сет со резултат од 27:25.

Во четвртиот сет се водеше голема борба и турските одбојкари овој сет го добија со 25:23 и мечот заврши со 3:1 во сетови.

Турција третиот натпревар во Групата "Ц" ќе го одиграт утре на 5 септември, недела во 14:00 часот по турско време против Северна Македонија.

 



Слични вести