Турските одбојкарки изгубија од Србија во полуфиналето на ЕП 2021

Турската женска одбојкарска репрезентација во полуфиналето на Европското првенство 2021 изгуби од Србија со 3:1 во сетови и не можеше да се пласира во финалето на првенството

1702314
Турските одбојкарки изгубија од Србија во полуфиналето на ЕП 2021

Турската женска одбојкарска репрезентација во полуфиналето на Европското првенство 2021 изгуби од Србија со резултат од 3:1 во сетови.

На натпреварот што се одигра вчера во главниот град на Србија, Белград, турските одбојкарки првиот сет го добија со 34:32, а во вториот сет изгубија со 28:26.

До овој дел од натпреварот се водеше речиси изедначена борба, но во третиот сет Србија искористувајќи ја и предноста како домаќин победи со 25:23.

Во четвртиот сет турските одбојкарки отпаднаа од игра и помина во доминација на нивните српски противнички.

Овој последен сет го добија српските одбојкарки со 25:13 и мечот заврши со 3:1 во сетови за Србија. 

На тој начин турските одбојкарки изгубија во полуфиналето, додека Србија се пласира во финалето на Европското првенство 2021.

Српската одбојкарка Бошковиќ со 38 постигнати поени беше најпрецизна играчка.

Турската женска одбојкарска репрезентација денеска за третото место на првенството ќе огра против победникот од мечот Холандија-Италија.



Слични вести