Турската машка одбојкарска репрезентација на ЕП 2021 ја победи Русија со 3:1

Турската машка одбојкарска репрезентација на првиот натпревар во групата „Ц“ на Европското првенство 2021 ја победи Русија со резултат од 3:1 во сетови со 3:1

1701660
Турската машка одбојкарска репрезентација на ЕП 2021 ја победи Русија со 3:1

Турската машка одбојкарска репрезентација на првиот одигран натпревар во групата „Ц“ на Европското првенство 2021 ја победи Русија со резултат од 3:1 во сетови.

„Ефињата-јунаците на мрежата“ кои два пати по ред станаа шампиони во Европската златна лига ЦЕВ, Европското првенство во одобојка за мажи 2021 ја започнаа со победа.

Турската машка одбојкарска репрезентација освен во вториот сет приредија доминирачка игра против нејзиниот противник Русија која во 2017 година стана европски шампион и го освои второто место на последните одржани олимписки игри.

Турските одбојкари на натпреварот што се одигра во градот Тампере во Финска по одиграни четири сета ја победија Русија со резултат од 29:27, 16:25, 25:21 и 25:19, со 3:1 во сетови.

Турција вториот меч во својата група „Ц“ на првенството вечерва во 17:00 часот по турско време ќе го одигра против Шпанија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така и честита на турската машка одбојкарска репрезентација која извојува победа над Русија.

Претседателот Ердоган по натпреварот разговараше телефонски со потпретседателот на Турската одбојкарска федерација Ахмет Ѓоксу и со главниот тренер на турската машка одбојкарска репрезентација Недим Озбеј.

Ердоган им чеситаше за извојуваната победа над Русија и им посака успех на Озбеј и на турските одбојкари во следните натпревари на Европското првенство во одобојка за мажи 2021.

 



Слични вести