Турските одбојкарки вечерва во четвртфиналето на ЕП 2021 играат против Полска

Натпреварот ќе се одигра во градот Пловдив во Бугарија ќе се емитува во живо на екраните на Турската радио и телевизија (ТРТ) преку каналот ТРТ 1

1700050
Турските одбојкарки вечерва во четвртфиналето на ЕП 2021 играат против Полска

Турската женска одбојкарска репрезентација која на Европското првенство 2021 во осмофиналето ја победи Чешка (3:1 во сетови) и се пласира во четвртфиналето вечерва во 20:30 часот по турско време ќе игра против Полска.

Натпреварот ќе се одигра во градот Пловдив во Бугарија ќе се емитува во живо на екраните на Турската радио и телевизија (ТРТ) преку каналот ТРТ 1.

Полска во осмофиналето ја победи Украина со 3:1 во сетови.

Доколку турските одбојкарки „Султанките на мрежата“ во четвртфиналето ја елиминираат и Полска во полуфиналето ќе играат со победникот од натпреварот помеѓу Србија и Франција.

 



Слични вести