Турските одбојкарки на ЕП 2021 ја победија и Чешка: Во четвртфиналето ќе играат против Полска

Турските одбојкарки на Европското првенство 2021 ја победија и Чешка и со серија од 6 победи се пласираа во четвртфиналето во кое ќе играат против Полска

1699368
Турските одбојкарки на ЕП 2021 ја победија и Чешка: Во четвртфиналето ќе играат против Полска

Турската женска одбојкарска репрезентација која на Европското првенство 2021 се пласира меѓу последните 16 репрезентации ја победи и Чешка со резултат од 3:1 во сетови и се пласира во четвртфиналето.

Турските одбојкарки кои во својата елиминациона група „Д“ постигнаа серија од 5 победи и без пораз се искачија на лидерската позиција во групните натпревари во осминафиналето играа против Чешка, четвртопласираната репрезентација во групата „Б“.

На натпреварот што се одигра во градот Пловдив во Бугарија, Турција започна со ефикасни блокови со што долови серија од 4:1 поен и првиот сет го доби лесно со резултат од 25:13.

Турските одбојкарки вториот сет не можеа да го започнат добро и губеа со 8:2 и иако потоа повторно се вратија во игра и во еден дел разликата ја намалија на разлика од само еден поен на 11:12, овој сет го изгубија со резултат од 25:22. 

Во третиот сет кога со нејзината извонредна игра се истакна Ханде Баладин турските одбојкарки овозможија нивните противнички рано да отпаднат од игра и со резултат од 25:14 преминаа во водство од 2:1 во сетови.

Турција со ефикасна игра го доби и четвртиот и последен сет со резултат од 25:13 со што ја победи Чешка со резултат од 3:1 во сетови и го запиша своето име во четвртфиналето на првенството.

На тој начин турската женска одбојкарска репрезентација на Европското првенство 2021 постигна серија од 6 победи.

Турските одбојкарки „Султанките на мрежата “ сега во четврфиналето ќе играат против Полска која пак, во осмофиналето ја победи Украина.

Натпреварот помеѓу Турција и Полска ќе се одигра на 31 август, во вторник, утре вечер во 20:30 часот и ќе се емитува во живо на спортскиот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ) ТРТ Спорт.

 



Слични вести