Турскиот атлетичар Берке Акчам стана светски шампион во трката на 400 метри со пречки

На Светското првенство под 20 години во Најроби, Кенија, во трката на 400 метри со пречки шведскиот атлетичар Оскар Едлунд беше дисквалифиикуван поради прекршување на правилата и првото место го освои турскиот атлетичар Берке Акчам

1695362
Турскиот атлетичар Берке Акчам стана светски шампион во трката на 400 метри со пречки

Турскиот атлетичар репрезентативец Берке Акчам на Светското првенство под 20 години во главниот град на Кенија, Најроби, стана светски шампион во трката на 400 метри со пречки за мажи.

Во трката на 400 метри со пречки за мажи првото место го освои шведскиот атлетичар Оскар Едлунд кој трчаше со резултат од 49 секунди 20 стотинки, но поради прекршување на правилата тој беше дисквалификуван.

По ваквиот развој, првото место на првенството му припадна на турскиот атлетичар репрезентативец Берке Акчам кој патеката ја истрча со резултат од 49 секунди 38 стотинки и со овој резултат го постави новиот рекорд на Турција за атллетичари под 20 години.

На тој начин Берке Акчам беше прогласен за светски шампион и го освои златниот медал на првенството.

Сребрениот медал му припадна на Дениз Новоселцев со резултат од 49 секунди 62 стотинки, а бронзениот медал го освои Јамајканецот Девонти Арчер.

 



Слични вести