Челзи по втор пат го освои Суперкупот на УЕФА

Шпанскиот голман, кој двапати успеа да го затвори својот гол во изведувањето пенали, имаше голем удел во освојувањето на Суперкупот на УЕФА од страна на Челзи

1689971
Челзи  по втор пат го освои Суперкупот на УЕФА
2.JPG
3.JPG
Thomas Tuchel.JPG
kepa.JPG

Челзи, последниот шампион во Лигата на шампионите, во Суперкупот на УЕФА, екипата на Вилареал ја победи со 7-6 на пенали и по 23 години, по втор пат го освои купот.

Челзи и Вилареал финалнот натпревар од Суперкупот на УЕФА го одиграа на стадионот Паркот Виндзор во Северна Ирска.

Челзи поведе со 1-0 со голот на Хаким Зијех во 27-та минута.

Зголемувајќи ги своите напади, Вилареал израмни со Жерар Морено во 73-та минута.

Кога заврши регуларното време со резултат 1-1, започна продолжението, но потрагата по гол на двата тима не даде резултати.

На крајот од изведувањето на пеналите, Челзи со предност од 6:5 пред својот противник, го освои трофејот.

Замената на техничкиот директор на Челзи, Томас Тухел во 119-та минута од натпреварот остави свој белег на натпреварот.

Мислејќи на изведувањето на пеналите, Тухел го извади Едуард Менди од игра и го замени со Кепа Аризабалага.

Шпанскиот голман, кој двапати успеа да го затвори својот гол во изведувањето пенали, имаше голем удел во освојувањето на Суперкупот на УЕФА од страна на Челзи.



Слични вести