Турскиот каратист Угур Акташ освои бронзен медал на ЛОИ Токио 2020

Турскиот каратист Угур Акташ освои бронзен медал во категоријата кумите+75 килограми на Олимписките игри Токио 2020

1687275
Турскиот каратист Угур Акташ освои бронзен медал на ЛОИ Токио 2020

Турскиот каратист репрезентативец Угур Акташ освои бронзен медал во категоријата кумите+75 килограми на Олимписките игри Токио 2020.

Натпреварите во карате на 32. Летни олимписки игри кошто продолжуваат во главниот град на Јапонија Токио се одржаа во Нипон Будокан.

Угур Акташ кој излезе на татами во категоријата кумите +75 килограми во полуфиналето играше против иранскиот каратист Сажад Ганжзадех. 

25-годишниот каратист репрезентативец натпреварот го започна добро и со поенот што го доби во првите секунди од јуко премина во водство од 1:0.

Потоа два поени освои неговиот противник иранскиот каратист, но во последниот момент го изедначи резултатот на 2:2.

Сепак неговиот противник го доби натпреварот со предност шенсу и Угур Акташ ја изгуби шансата да се пласира во финалето завршувајќи ја олимпијадата со освојување на бронзениот медал.

Заедно со освоеното трето место на Угур Акташ вкупниот број на медалите коишто ги освои Турција на 32. Летни олимписки игри 2020 во Токио се зголеми на 104.

 



Слични вести