Историски успех на турските боксерки на ЛОИ Токио 2020: Чакироглу и Сурменели во финалето

Турските боксерки Бусе Наз Чакироглу во категоријата до 51 килограм и Бусеназ Сурменели во категоријата до 69 килограми се пласираа во финалето на Олимписките игри Токио 2020

1685222
Историски успех на турските боксерки на ЛОИ Токио 2020: Чакироглу и Сурменели во финалето
Buse Naz Sürmeneli.jpg

Турските боксерки Бусе Наз Чакироглу во категоријата до 51 килограм и Бусеназ Сурменели во категоријата до 69 килограми се пласираа во финалето на Олимписките игри Токио 2020.

Бусе Наз Чакироглу ја победи својата противничка од Кинески Таипеи Хсиао-Вен Хуанг и го запиша своето име во финалето на кое за освојување на златниот медал ќе игра против бугарската боксерка Стојка Желјазкова Крастева која инаку досега еднаш стана европска шампионка, а два пати светска шампионка.

Мечот помеѓу Чакироглу и Крастева ќе се одигра на 7 август во сабота, во 08:15 часот по турско време.

Турската боксерка Бусеназ Сурменели во категоријата до 69 килограми пак, која исто така се пласира во финалето за златниот медал ќе игра против кинеската боксерка Хонг Гу.

Мечот помеѓу Бусеназ Сурменели и Хонг Гу ќе се одигра на 7 август во сабота утрото во 09:15 часот по турско време.

Кинеската боксерка Хонг Гу два пати стана азиска шампионка и два пати го освои второто место на светските првенства.

 



Слични вести