Ферхат Ариџан го освои првиот олимписки медал за Турција во гимнастика

Турскиот гимнастичар Ферхат Ариџан на Олимписките игри Токио 2020 во финалето во дисциплината разбој со освоени 15.633 поени освои бронзем медал што е и првиот олимписки медал во историјата на турската гимнастика

1685058
Ферхат Ариџан го освои првиот олимписки медал за Турција во гимнастика

Турскиот гимнастичар репрезентативец Ферхат Ариџан на Олимписките игри Токио 2020 во дисциплината разбој го освои третото место и се закити со бронзен медал со што го освои првиот олимписки медал во гимнастика за Турција во историјата на гимнастиката.

На 32. Летни олимписки игри коишто продолжуваат во главниот град на Јапонија, Токио се одржа последниот ден од финалните настапи во гимнастика.

Турскиот гимнастичар кој се натпреваруваше во финалето во дисциплината разбој настапи на првото место при што реализира добра серија и завршеток без проблеми со што освои 15.633 поени.

Ферхат Ариџан со овој постигнат резултат го освои третото место меѓу 8 спортисти и освои бронзен медал.

Овој успех премина во историјата како прв освоен олимписки медал во историјата на турската гимнастика.

Кинескиот гимнастичар Жингјуан Зоу со 16.233 освои златен медал, а германскиот гимнастичар Лукас Даусер со 15.700 сребрен медал.



Слични вести