Турските борачи Риза Кајаалп и Јасемин Адар на ЛОИ Токио 2020 освоија бронзени медали

Турските борачи Риза Кајаалп во категоријата до 130 килограми грчко-римски стил и Јасемин Адар во категоријата до 76 килограми на Олимписките игри Токио 2020 го освоија третото место и се закитија со бронзени медали

1684356
Турските борачи Риза Кајаалп и Јасемин Адар на ЛОИ Токио 2020 освоија бронзени медали

Турскиот борач репрезнетативец Риза Кајаалп во категоријата до 130 килограми во грчко-римски стил на Олимписките игри Токио 2020 го победи својот ирански противник Амин Мирзазадех и освојувајќи го третото место се закити со бронзен медал.

Турскиот борач до 130 килограми во грчко-римски стил на 10. ден на Олимписките игри Токио 2020 во Макухари Мессе на мечот за медал го победи иранскиот борач Амин Мирзазадех. 

Кајаалп приреди извонреден перформанс против неговиот противник и со едно по друго исфрлувања премина во водство од 7:0. 

Во вториот дел од мечот Кајаалп остана во одбрана и и покрај тоа што даде 2 поени го доби мечот со 7:2.

На тој начин турскиот борач Риза Кајаалп на Олимписките игри Токио 2020 освојувајќи го третото место се закити со бронзен медал и го освои својот трет медал на олимпијадите.

Во женска конкуренција турската борачка репрезентативка Јасемин Адар во категоријата до 76 килограми ја победи со туш нејзината киргиска противничка Аипери Медет Кизи и освои бронзен медал на Олимписките игри Токио 2020.



Слични вести