Турските одбојкарки на ЛОИ Токио 2020 ја победија Аргентина и се пласираа во четвртфиналето

Турските одбојкарки „Султанките на мрежата“ со извојуваната победа над Аргентина со 3:0 во сетови фрлија потпис на историски успех и Турција за прв пат се пласира во четвртфиналето во историјата на олимпијадите

1683252
Турските одбојкарки на ЛОИ Токио 2020 ја победија Аргентина и се пласираа во четвртфиналето

Турската женска одбојкарска репрезентација на Олимписките игри Токио 2020 ја победи Аргентина со 3:0 во сетови.

Турските одбојкарки „Султанките на мрежата“ со оваа извојувана победа фрлија потпис на историски успех и Турција за прв пат се пласира во четвртфиналето во историјата на олимпијадите.

Турција на мечот против Аргентина првиот свет го добија со резултат од 25:23, а во вториот сет со резултат од 25:20 преминаа во водство од 2:0.

Третиот сет турските одбојкарки го добија со резултат од 25:18 и ги победија своите аргентински противнички со 3:0 во сетови.

Со оваа извојувана победа Турција за прв пат во својата историја се пласира во четвртфиналето.

Турската женска одбојкарска репрезентација својот последен натпревар во својата група на Олимписките игри Токио 2020 ќе го одиграт на 2 август во понеделник против Рускиот олимписки комитет.

Натпреварот во одбојка за жени помеѓу Турција и Аргентина го следеа и министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу и неговиот помошник Хамза Јерликаја.

Касапоглу и Јерликаја мечот го следеа на нозе и по извојуваната победа им честитаа на турските одбојкарки.

 



Слични вести