Турскиот стрелач Мете Газоз освои златен медал на ЛОИ Токио 2020

Турскиот стрелач Мете Газоз во финалниот меч го победи својот противник Мауро Несполи со резултат од 6:4 и освојувајќи го првото место стана олимписки шампион и се закити со златен медал на ЛОИ Токио 2020

1683295
Турскиот стрелач Мете Газоз освои златен медал на ЛОИ Токио 2020

Турскиот стрелач репрезентативец Мете Газоз на осмиот ден на Олимписките игри Токио 2020 во финалето на меот во класична стрела во поединечна конкуренција го победи својот италијански противник Мауро Несполи со резултат од 6:4 и освојувајќи го првото место се закити со златен медал.

На мечот во првото коло што се одигра на полигонот за стрелање Јуменошима на 29 јули во четврток турскиот стрелач Мете Газоз го победи својот луксембуршки противник Џеф Хенкелс, а во второто коло извојува победа над австралискиот стрелач Рајан Тјак и се пласира во осминафиналето. Потоа во утринската сеанса во осминафиналето го победи и Австралиецот Тејлор Ворт и се пласира во четвртфиналето.

22-годшиниот Мете Газоз потоа победувајќи го и првиот носител на светската ранг-листа Американецот Брејди Елисон го запиша своето име во полуфиналето.

Газоз во полуфиналето го победи својот Јапонски противник Такахару Фурукава и се пласира во финалето во кое за златниот медал играше против Италијанецот Мауро Несполи кој инаку на Олимписките игри 2012 Лондон освои златен медал во екипна конкуренција и е светски и европски шампион.

Турскиот стрелач репрезентативец Мете Газоз во финалниот меч го победи својот противник Мауро Несполи со резултат од 6:4 и освојувајќи го првото место стана олимписки шампион и се закити со златен медал.

Сребрениот медал му припадна на Несполи, а бронзен медал освои Јапонецот Такахару Фурукава. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон турскиот стрелач репрезентативец Мете Газоз на кого му честита за освоената шампионска титула на Олимписките игри Токио 2020 и за првиот освоен златен медал за Турција во стрелање.  

Претседателот Ердоган му честита на Мете Газоз со следните зборови: „Не израдува со големи емотивни чувства. Повторно ја крена на нозе историјата. Напиша историја како внук (предок) стрелач на турскиот народ. Истрелувањето на таа последна стрела го гледав со солзи во очите. Честитам.“

 



Слични вести